Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Архипелагот офшор Гулаг

0
By Нова ТВ on April 9, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Борис Камчев

Премиерот на Исланд завчера поднесе оставка поради еден скриен офшор и после неколку дена политичка криза, иако панамскиот даночен рај тој го користел  за оптимизација на даноците а не за перење пари и корупција.

Зборовите политичка криза и офшори кај нас се дискутираат со години – компаниите на фамилијата, како онаа на Кипар, се регистрирани имено за перење на пари, мито и корупција. Каква квалитативна разлика. Ова може да се однесува како за Русија така и за Македонија. Содржината и за двете е идентична, разлика е само во величината.

Обелоденувањето на Panama papers, архива тешка  11.5 милиони документи за скриените богатства на светски политичари, премиери, претседатели и кралеви, го потврди она што се насетуваше со години. Дека постмодерните авторитарни режими не ги обединува некаква идеологија (комунизам или фашизам), не ги приближува некаква симболика (соцреализам, срп, чекан и петокрака или кукаст крст), не ги сплотува кохерентна надворешна политика (некаква оска, Русија во Европа финансира како ултрадесни партии, така и редикални левици), туку сплотеност околу едно нешто – мирисот на зелените банкноти.

Кога во прашање се парите (американскиот долар како ултимативна валута per se), границите помеѓу авторитаризмите стануваат замаглени. Во 21 век, текот на глобалниот капитал изврши таков  социјално-културен инжeнеринг и во толку многу земји и територии од планетата, што тоа не би можеле да го изведат ниту двајца Сталини или тројца Маовци одеднаш.

Маркс бил во право – капиталот наоѓа нови и нови начини за трансформација на човечката природа.

Високите морални вредности се згазени, нема ура патриотизам, нема повеќе комунална култура или уметност за масите, или она познатото „за идеале гину будале“. Сите тие идеолошки наративи се мелат во ултимативната тарапана на офшорните гулази (една изопачена варијанта на Солженициновиот Архипелаг Гулаг) за убрзано збогатување на владејачките елити.

Во Русија, новата културна револуција  започна во 2000 година, кога Путин ја презеде власта. Неговата епоха формално почна со новиот милениум, а фактички со експлозиите на станбените згради во Москва и уште неколку градови во септември 1999 и почетокот на Втората чеченска војна. Епоха што породи нешто сосема поинакво од раскалашените деведесетти. Еден советско-капиталистички режим со нов систем на вредности, нова идеологија, нова религија: Забрзана акумулација на неисцрпните богатства на земјата и нивни трансфер во странство преку разни офшори и даночни раеви.

Додека пред 2000 година тоа неказниво и разуздано донекаде го правеа олигарсите, ним потоа, скротени и под контрала, им се придружија силовиките, припадници на безбедносните служби од ФСБ (Федерална служба за безбедност), даночна полиција, обвинителство и покорното судство.  Сознанието дека претседателот е милијардер и дека на своите им нафрла милијардни тендери (таканаречената тендерска коалиција кај нас), кои преку ноќ станаа една каста на неприкосновени, презрена постмодерна аристократија, е присутно со години.

Две милијарди долари, откриваат панамските документи, вределе десетиците компании во сопственост на луѓето од најтесниот круг на Путин и сплетени во мрежа од офшори и банки за да не им се фати крајот. Иако за тоа немало потреба. Во 2012 Алексеј Навални, руски антикорупционер и опозициски активист, докажа дека при изградбата на нафтоводот Сила на Сибир по кој нафта од западен Сибир се транспортира до Далечниот исток и до Кина, биле украдени над 4 милијарди долари! И никому ништо.

Фатени во еден маѓепсан круг на Стокхолмски синдром,  Русите не само што не се потресуваат околу тоа, туку тие се гордеат што нивниот лидер е толку богат и му мрда опашот на лево и на десно со мачиња, рипки и други егзотики. На тивкото мнозинство  му е сеедно дали нивниот президент преку свои намесници купувал за своите љубовници и нивните сестри станови на Рубљовка, или вили во Подмосковје на нивните баби.

Исто како што Македонците воопшто не ги боли таквото што брачед Мијалков, во едно деноноќие трошел и по 5 илјади евра на својата љубовница во Белград, пари платени од нивни џебови. Или пак тоа дека Грујо сакал да вози Мерцедес вреден 600 илјади евра. Да не се заборави дека под контрола на ДПМНЕ се речиси сите локални телевизии во Македонија, но и уривањето на Космос, уништувањето на опремата за прислушкување вредна 10 милиони евра, крадењето на изборите итн.

Ништо не би го потресло рускиот или македонскиот ум. Нема шокирачки факти за мнозинството кое се задоволува со вотка, компирче, ракија, патлиџанче и краставичка.  Знаете, во текот на целиот 20 век животот на мнозиството Руси бил во баланс ако на кујнската маса два-три пати неделно се служел варен компир и кисели краставички. А кога провидението им носело и шише вотка, ех, тогаш настапувал вистински празник. Истото може да се каже и за Македонците, само вотката заменете ја со ракија, а компирот со патлиџан.

И покрај сите крикови на очај, новинарски аларми за распространетата корупција и мито, кражбата на изборите, криминалот, и, најважното, извештаите за ултра-потенцијата на либидото на алфа-мажјаците кои ги водат, тие благонадежно и со помош на пропагандата, би нашле уште една  морална и духовна поткрепа за своите водачи и би забегале со нивно фалење и оправдување.

Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) вели дека од грнето милиони документи допрва ќе се селектира и истражува кој заслужува да биде ставен на тапет на меѓународната јавност. Владетелите и нивните најблиски потчинети, политичката елита на авторитарните земји како нашата, или како Унгарија, Турција или Русија, се најосомничени.

А што се однесува до тоа како дојдовме до Panama Papers, панамски инсајдери откриваат дека изворот на информации не биле хакери, како што соопштувааат од адвокатската фирма Мосак Фонсека, а внатрешен свиркач. Протечените 11,5 милиони документи всушност ги излила на виделина девојка, љубовница на главниот на фирмата во даночниот рај Панама.

Имено во тој латиноамерикански рај се случила некаква љубовна драма, и фраерот ја оставил на цедило девојката која долго време за него работела. И да му се освети, бам! Таа од архива што претходно ја копирала ги изнесува на виделина податоците за сите офшори и компании од 1976 година наваму. Така, нечесно стекнатите финансии и богатства на светски политичари, бизнисмени, претседатели, кралеви и спортисти сега се на увид на меѓународната јавност.

Типот не бил доволно јак фраер, како президентот, за да купува станови и куќи занејзе и за нејзината сестра и баба во некоја светска престолнина. Или како многу појакиот брачед Мијалков, да троши на неа по 5 илјади евра за едно деноноќие. Стиснат бил шефот на Фонсека, како некој Егејец. Срамно за еден таков белосветски бизнисмен.

Сите раскажуваат некакви терории на заговор, за поврзаноста на CIA, на NSA или на некој конкурент со офшорен бизнис во обелоденувањето на материјалите, а всушност станува збор за трагично завршена љубов.

Ете, гледате, како скршените срца може да водат до уривање на ненаситната светска олигархија и изградба на поправеден свет. Сево ова звучи како да е на филм. Ама за жал не е.

Panama papers Груевски Мијалков офшор Панама перење пари Путин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.