Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арифи: Ќе чекаме резултати од истрагата, па ќе бараме одговорност

0
By НОВА ТВ on September 10, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 10, 2021 17:05

Тетовската градоначалничка Теута Арифи денеска беше во посета на пожарникарите кои интервенираа пред два дена, со цел да се информира детално за пожарот и интервенцијата на единицата во модуларната болница на 8 септември. Пожарот, како што рече Арифи, бил локализиран во 21:30 часот, а целосно е изгаснат по 15 минути. Таа додаде дека во диспечерката служба ТППЕ Тетово во 21 часот и 02 минути е примен повикот за пожар од инфективното одделение, а на местото на настанот веќе во 21 часот и 07 минути биле присутни три возила и 16 пожарникари.

На новинарско прашање дали како прв човек на градот ќе бара морална одговорност од раководството на болницата, Теута Арифи рече дека прво сака да добие одговори на неколку прашања.

-Треба да се има предвид фактот дека ова беше голема несреќа и во голема несреќа не сите работи можете одма на почетокот да ги канализирате. Знаете и вие какво беше известувањето вечерта. Тоа што е важно-нека заврши процесот на истрагата и да имаме тука неколку одговори кои сите го очекуваме. Да ги добиеме сите тие одговори, одговорноста не е само морална и како таква треба да се понесе, истакна градоначалничката.

Арифи рече дека завршени се истрагите на место на настанот и во моментот се прибираат податоците, телефонските снимки од граѓаните кои биле на местото.

-Вклучувањето на истражители од Германија е додатна помош овој процес да биде завршен, заклучи Арифи.

пожар Тетово Теута Арифи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.