Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Армаколос: Тешко е да се постигне правно решение за спорот ова лето

0
By Нова ТВ on May 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Многу е тешко да се постигне правно решение за спорот за името ова лето и земјата да напредува во ЕУ и НАТО. Но, и во ваков случај важно ќе биде двете страни да се воздржат од изјави кои би можеле да наштетат на процесот и да се најде начин овој „залет во решавање на спорот“ да се задржи и понатаму, оценува грчкиот професор и претставник на тинк-тенкот ЕЛИАМЕП, Јанис Армаколос на денешната дебата „Каде е јазот: Името ли е или непознавањето едни со други?“, што се одржа денеска во Скопје во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и Евротинк – Центар за европски стратегии.

На дебатата сите учесници се согласија дека властите во двете земји треба да работат на уривање на стереотипите кои доминираат во јавното мислење и на предрасудите дека „соседната земја сака да ја украде историјата на другиот“, туку дека договорот ќе донесе бенефит за двете страни. Ваквата недоверба која постои меѓу двете земји го отежнува решавањето на спорот кој не е само името, туку за цел спектар прашања, а изминатите 25 години само се додаваат дополнителни проблеми.

-Во однос на спорот за името освен „прецизното штелување на формулата“ потребно е и да се работи и на градењето на доверба која треба да гарантира дека со некои идни потези нема да се „затруе решението“, рече Армаколос.

Јавноста во Грција сега е повеќе окупирана, пред се, со економските проблеми, тензиите со Турција во врска со Кипар, но и апсењето на двајца грчки војници. Довербата во Владата опаѓа и соочена со избори, Сириза ќе се обиде да најде начин, евентуалното решение за спорот за името, дополнително да не и го наруши рејтингот.

-Владата ќе се обиде со еден удар да убие две муви – и да го реши спорот и да ја победи опозицијата, рече Јанис Армаколос.

За да го постигне ова, на Сириза ќе и биде потребна поддршка во Парламентот за евентуалниот договор, што засега ја нема. Но Армаколос истакнува дека има најави за нови коалиции и прегрупирања на политичката сцена во Грција, што можат да завршат во корист на Сириза. Целиот амбиент за решавање на спорот го комплицира и позицијата на грчката опозиција која, освен што критикува, како да нема јасен став каков договор за нив е прифатлив.

Армаколос посакува џентлменски договор меѓу власта и опозицијата да постигнат согласност дека ова прашање повеќе нема да се користи за книжење на политички поени.

Љупчо Петковски од Евротинк напомена дека проблемот со името е повеќеслоен и додаде дека сите тие слоеви изминатите години наместо да се тргаат еден по еден, од претходните структури на власта само се зголемувале и се додавале нови.

Како пример за подгревање на страстите, го спомена проектот Скопје 2014 и нагласи дека треба да се земе предвид како сето тоа влијание на јавноста во Грција. Тој  даде предлог македонските интелектуалци да испратат писмо до грчката јавност во кое ќе нагласат дека не сите во Македонија го поддржуваат Скопје 2014 и  сакаат надминување на несогласувањата во однос на табуата.

 

дебата ЕЛИАМЕП Сириза спор за име
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.