Published: Thursday, June 18, 2020 12:55
Ветено, остварено. Дојдоа новите униформи, напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на нејзиниот Фејсбук профил. Новите униформи, најави претходно Шекеринска, ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Уредбата на претседателот.
„Во Преспанскиот договор имаме одреден период на транзација и никој не очекува работите да се променат преку ноќ“, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, како одговор на прашањата кога може може да се очекува да бидат заменети ознаките и да се набават нови унформи за Армијата откако претседателот Стево Пендаровски ја потпиша Уредбата за преименување на АРМ.