Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арнаудовска: Советот за реформи во правосудство работи нетранспарентно

0
By Нова ТВ on December 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска, денеска, пред почетокот на Меѓународната работилница за стандардите на ЕУ за обука на судии и обвинители, се пожали дека Советот за реформи во правосудството работел многу нетранспарентно.

Таа посочи дека во Нацрт-стратегијата било предвидено одреден процент од судиите да бидат избрани со незавршена Академија, истакнувајќи дека тоа не било прифатено во извештајот на Прибе од 14 септември кога е донесена новата Стратегија.

Според неа, останува сомнежот што ќе биде со изборот на судиите и дали ќе остане процентот што беше заговаран во Стратегијата за реформи, бидејќи, како што рече Арнаудовска, минатата недела на состанок на академиите во Брисел, претставник од Министерство за правда изјавил дека се подготвуваат измени во Законот за судови и дека процентот за избор на академци и луѓе надвор од Академијата ќе биде 60 наспрема 40.

– Таа изјава предизвика голема вознемиреност кај 37-те кандидати во Академијата. Тие се прашуваат од која причина полагаат тешки приемни испити, учат две години, а некој без никаква обука ќе може да се протне во судството, истакна директорката на Академијата.

Арнаудовска изрази незадоволство бидејќи и покрај тоа што се подготвува измена на Законот за Академијата таа не е вклучена, ниту консултирана, како и никој од органите на оваа институција.

– Советот за реформи тргна со многу фронтален напад. Тоа не беше прифатено од Европската комисија, бидејќи ние 12 години работиме со ЕК токму тој процес, изборот на судии преку Академијата да се заврши, бидејќи знаеме колку проблеми имавме во минатиот период со неизборот на академците. Успеавме и последниот академец да се избере и сега одеднаш без никаква анализа или компаративни истражувања се поднесуваат овие предлози, истакна таа.

правосудство реформи судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.