Денеска во Нион, Швајцарија, беа извлечени двојките во понатамошната, осминафинална рунда од фудбалската Лига Европа.
Највозбудливо ќе биде соочувањето помеѓу англиски Арсенал и италијански Милан. Двата тима во јавноста се спомнуваа како едни од најголемите конкуренти за освојување на второто најсилно клупско натпреварување во Европа.
Во продолжение сите двојки:
Милан – Арсенал
Борусија Дортмунд – Салзбург
Спортинг Лисабон – Викторија Плзен
Марсеј – Атлетик Билбао
ЦСКА Москва – Лион
Атлетико Мадрид- Локомотив Москва
Ред Бул Лајпциг – Зенит
Лацио – Динамо Киев
Првите натпревари се закажани за 8.март, а повратните на 15.март.