Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсенал одлета за Баку на финале во ЛЕ: Емери го поведе и Дејан Илиев

0
By Нова ТВ on May 25, 2019 СПОРТ
Фото: facebook/dejaniliev
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Арсенал одлета за Баку каде во среда вечер (21 ч.) ќе игра против Челзи за трофејот во Лига Европа. на списокот на патници на менаџерот Унаи Емери се најде и македонскиот репрезентативен голман, Дејан Илиев како и Мезут Озил, Дани Велбек и Гранит Џака, но не и Хенрик Мкитарјан чие отсуство ќе претставува хендикеп за „топчиите“ против „сините“ на Маурисио Сари на националниот стадион во главниот град на Азербејџан. Ерменецот остана во Лондон бидејќи не можеше да му се гарантира безбедност во земјата што е одамна во конфликт со неговата и со прекинати дипломатски односи од 1994 година.

Фото: facebook.com/dejaniliev

Одлуката за градот домаќин на финалето, пак, се заканува да биде една од најлошите во историјата на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). Јавноста негодуваше уште од денот на изборот, а како се доближува мечот, најавите стануваат алармантни од аспект на исполнетоста на капацитетот на стадионот во Баку. Моментната ситуација упатува дека новиот освојувач во второто по ранг натпреварување на УЕФА ќе биде промовиран пред полупразни трибини.

На оддалеченоста на Баку од Лондон реагираат и клубовите, но и нивните навивачи. Градските ривали од Премиерлигата добија по 6.000 влезници за продажба меѓутоа неофицијално, пола ќе вратат на УЕФА. До денеска Арсенал продаде 3.500 билети, а Челзи 2.000. Причина се преку 4.000 километри што треба да се минат до Баку и трошоците што се високи и за англиските навивачи.

Арсенал Баку Дејан Илиев Лига Европа Унаи Емери финале Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.