Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсовска од Аеродром: Инопарк, мултимедијален центар и подобрување на инфраструктурата на општината

0
By НОВА ТВ on October 24, 2021 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, поддржана од ВМРО – ДПМНЕ, утрово се сретна со жителите од општина Аеродром. Таа разговараше со пазарџиите и потрошувачите на пазарчето во трговскиот центар Бисер и се сретна со голем број жители на општината.

– Се обврзувам дека ќе изнајдеме решенија за сите проблеми со кои се соочуваат жителите од оваа општина уште од првиот ден од мојот мандат и ќе ги решиме во првите две години. Ќе бидам градоначалник кој во договор со сите граѓани ќе работи на проекти кои се од суштинско значење со цел подобрување на квалитетот на животот во општината, во градот и на сите нас. Фокусот ќе го ставиме на подобрување на инфраструктурата, решавање на проблемите во сообраќајот, брз, безбеден и квалитетен јавен превоз, повеќе пешачки и велосипедски патеки, повеќе зелени површини. Во општина Аеродром е планиран и нов Мега парк, по примерот на градски парк, како и повеќе паркови низ сите населби кои се дел од општината, рече Арсовска на средбата со жителите од општината.

Жителите на општината се пожалија и на лошиот квалитет на воздухот од дивите депонии и од Вардариште, за што Арсовска најави итно санирање и чистење.

Таа, исто така го престави и својот проект за изградба на Скопје Инопарк на површина од 7 000 метри квадратни за економско јакнење на општината преку користење на ИТ ресурсите и потенцијалите од индустријата и овозможување професионален раст за младите од оваа општина но и од целиот град. Арсовска најави и изградба на мултимедијален центар кој ќе нуди содржини за сите посетители.

аеродром ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.