Данела Арсовска попладнево поднесе кривичнa пријавa и докази во врска со дивоградбите во Чаир за кои алармира деновиве, откако претходно Обвинителството соопшти дека повело постапка и ја повика скопската градоначалничка, доколку има докази, да ги донесе во Обвинителството.
По службена должност прибавивме докази, најдовме фалсификати. Наместо да ги руши дивоградбите, градоначалникот на Чаир се обидува да ги легализира, вели Арсовска.
Според неа, Висар Ганиу е свесен за фалсификатите и незаконските дејствија кои ги сторил, а се обидел да ги сокрие.
Еве јас реагирам веднаш по повикот на Обвинителството, а треба да реагираат и тие и да одат да ги прибават доказите за да не ги уништат, рече Арсовска.