Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсовска за изградбата на Универзалната сала: Реконструкцијата е опасна по безбедноста на граѓаните поради грешки во проектот

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 22, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска најави дека ќе продолжи реконструкцијата на Универзалната сала, но откако ќе се исправат, како што рече, грешките на поранешното раководство на Град Скопје, бидејќи продолжување на било какви активности би било опасно по безбедноста на граѓаните.

– Има грешки во проектот и поради тие грешки наместо планираните столбови постојното решение потребно е да се зајакне со дополнителни 2 носечки столба, но детектирани се и бројни други недостатоци. Во моментов во тек е фаза во која се прави реконструкција на фасадата и кровен покривач, додека за следна фаза за внатрешното уредување на објектот воопшто не е изработена ни проектна документација за изведба на внатрешниот дел, рече Арсовска.

Таа посочи дека документацијата за реконструкција на Универзалната сала во моментов е во фаза во која се прави реконструкција на фасадата и кровен покривач, додека за следна фаза за внатрешното уредување на објектот воопшто не е изработена ни проектна документација за изведба на внатрешниот дел. Овие информации се јасно наведени и во извештаите за текот на активностите во врска со реконструкција и адаптација на Универзалната сала.

– По воведување во работа, изведувачот се соочува со низа проблеми од обемен карактер, односно се појавуваат проблеми поради неусогласеност на проектот со постојната состојба на објектот, како и низа неочекувани состојби со градежно конструктивните елементи на истиот, односно воопшто непостоење на арматура во темелни ѕидови, испукана армирано-бетонска плоча на сцена, неочекувани постојни темели на места на кои се предвидени новите конструктивни елементи и слично. Да се направела соодветна анализа пред да се земе овој дониран проект и да се изведуваат градежни активности по него, веројатно вакви проблеми кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на овој објект не би имало, изјави Арсовска.

 

Град Скопје Данела Арсовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.