НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Артим Шаќири за НОВА: Да го забраниме фудбалот во Македонија 5 години

0
By Нова ТВ on December 10, 2016 ПОЛИТИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За НОВАТВ од Малта Сократ Љачев

Ако треба да се набројат најатрактивните моменти од неговата фудбалска кариера, тоа би бил долг список на натпревари и случки со клубови од цела Европа. Шведска, Данска, Германија, Англија, Турција, Азербејџан… Но, ако одбереме еден момент кој и ден денес се прераскажува, тоа е оној гол во Саутемптон против тогаш моќната Англија директно од корнер во малата мрежичка зад грбот на Симан.

Него го препознаваат и како учесник на трите големи светски хумантирни натпревари. Првиот уште во 2003-та во Абу Даби кога играше за „Ѕвездите“ против Јувентус, со Батистута, Сињори, Тарибо Вест… По 2 години беше повикан во тимот на Зидан против тимот на Роналдо, натпревар кој се играше во Дизелдорф. За на крајот да биде и дел од тимот на Фиго во Португалија кога Луис Фиго играше против Спортинг.

Да, Артим Шаќири и денес во Малта го препознаваат како поранешен фудбалер на Вест Бром Албион, некои дури и се сеќаваат низ фотографии кога првпат играл на овој остров со Македонската репрезентација.

Интересната патека на еден од најдобрите некогашни македонски фудбалери е во актива денес во Малта, како спасител на Пемброк ФК. Има само една цел, да остане во Премиер Лигата. А секундарно е и освојување на ФА Трофејот со кој би се отворил патот кон Лига Европа следната сезона.

Сега засега сеуште се консолидира, бидејќи сепак не започна од старт туку како замена на претходникот кој не покажа буквално никакви резултати во стартот од сезоната.

Артим Шаќири е легенда во македонскиот фудбал, а дали ќе биде така барем и за кратко за екипата на Пемброк, ќе покаже периодот пред нас.

Викендов го очекува најтешкиот натпревар, против силниот и секогаш атрактивен дури и за европските квалификации, тимот на Хибернианс.

Нова: Како се случи Малта и Пемброк ФК?

А.Ш.: По моите активности низ Балкански екипи, менаџерите ми јавија дека добиле понуда од една малтешка екипа која сака да избори опстанок во Премиер лигата, а веќе му дале отказ на претходниот тренер поради многу лошите резултати. Направивме кратка анализа и ми се виде атрактивно, иако тешко. Откога направивме директен контакт, ми понудија договор на две години, што начелно не го прифатив, бидејќи сакам да оди сеѝ чекор по чекор според остварените резултати. Ако успеам, ќе седнеме и нема да е проблем ако најдеме пак заеднички интереси. Прво да го спасиме опстанокот и да се потрудам да ги донесам до Лига Европа, бидејќи тоа ми изгледа возможно.

Нова: Немаше ли во Македонија место за да се искористи твоето искуство и знаење?

А.Ш.: Ова прашање мислам дека не е за мене. Јас сум секогаш отворен за соработка, на секое ниво во интерес на фудбалот. Но, каква и да е соработката било кога мора да се мисли пред се на инвестирање во фудбалот како и во целата инфраструктура. А во Македонија тоа е веќе проблем. Едноставно е, без инвестирање нема да има ни успех. Не може само Вардар и Шкендија да даваат и да очекувате напредок и резултати.

Политиката е влезена во сите пори. Буквално во сите. Фудбалот во Македонија е политика. Државата е таа што долго време досега зема од фудбалот. Време е тоа веќе да престане. Фудбалерите и клубовите се најдобрите амбасадори на Македонија низ светот. Затоа, државата треба да дава на фудбалот, а не да зема од него. И време е политиканството да биде искоренето комплетно од фудбалот. Репрезентација не смее да „се составува„ по налог или по менаџерски интереси. Затоа и резултатите се такви какви што се.

Нова: Дали ако се промени дел од менаџментот во ФФМ, би се вратил во Македонија клупски или на национално репрезентативно ниво?

А.Ш.: Многу дискутабилно. Но генерално е многу лошо. Најлошо досега во историјата на Македонија. Јас имав еден предлог, да ги следиме патеките на Азербејџан. Да го забраниме фудбалот во Македонија на 5 години. Да го исчистиме од лошите работи и  да почнеме од нула. Азербејџан тоа го направи на две години. Укинаа комплетно се. Не постоеше фудбал тие две години таму. Ама исчистија од корен. Погледнете го Карабак денес. Погледнете ја репрезентацијата нивна. Е така треба и кај нас. Инаку ќе тонеме се подлабоко, без стратегија на подолги патеки.

Нова: Што би променил во Македонија за да се стимулира успехот и за да може да се валоризира на најубав начин она што го направија младите на Милевски со пласманот во Полска?

А.Ш.: Одговорив на некој начин во претходното прашање. А младите треба да се поддржат максимално. Тоа е нивни успех. Тоа е оној македонски инает кој знае да биде позитивен.Ако имаат поддршка и услови можат да направат успех.

Нова: Македонија сега е на 162 место на ранг листата на ФИФА. Малта која беше секогаш можеби и по 70 и 80 места зад нас сега е на само 20, 182-ро место. Како го споредуваш фудбалот помеѓу овие две земји денес?

А.Ш.: Во историјата на државата никогаш не сме биле подолу. Никогаш. Срце ме боли кога ќе се сетам каде бевме и колку можевме да напредуваме. Само ако имавме вистински луѓе во вистинското време. Малта беше подолу од ова, да не не залажува нивната позиција. Тие одат нагоре. Ако ништо не се превземе наскоро, многу лесно може да си ги замениме местата. Не оди на добро.

Нова: Имаме информации дека ова ти е само краток престој, додека ја поставиш базата за спас и принципите кои би требало Пемброк ФК да го доведат во безбедна зона и следната сезона. Продолжуваш во една од 4-те најсилни лиги во светот? Колку има вистина во оваа шпекулација?

А.Ш.: Имам понуда од 2 лиги од европската најдобра четворка. Но, тоа ќе го оставам за од јуни натаму. Сега имам само еден приоритет, да остане Пемброк во Премиер Лигата и да се потрудам да ги донесам до Лига Европа. А потоа ќе видиме. На крајот и менаџерите секако дека ќе го имаат уделот во одлуката, согласно предложените понуди. Но, како што реков, прво Малта па се друго понатаму.

Артим Шаќири замина на попладневниот тренинг по разговорот со нашата екипа. Тренираат секој ден на сопствениот стадион, а некогаш и по двапати. Пемброк е еден од малкуте клубови во Малта кој си има сопствени терени и изградена спортска инфруструктура во нивна сопственост која во моментов е проценета на 60 милиони евра. А дали ќе остане во Премиер Лигата ќе дознаеме наскоро од резултатите на Артим Шаќири, кој е почитуван во клубот и во кој веруваат и Управата и фудбалерите.

 

 

Артим Шаќири Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.