Според министерот за надворешни работи, Жан Аселборн, Унгарија треба да биде исфрлена од Европската Унија. Како што вели тој, тоа е потребно со цел да се зачуваат вредностите на Унијата.
– Земјите како Унгарија кои креваат огради заради бегалците од некоја војна, или оние коишто ја нарушуваат слободата на говорот и независноста на судството, треба привремено, а некаде и засекогаш да бидат исклучени од ЕУ. Тоа е единствениот начин да се сочуваат единството и вредностите на Унијата, изјави Аселборн во интервју „Велт”.
Унгарија, каде властите постојано притискаат на анти-мигрантска политика, на 2.октомври на референдум ќе гласа за прашањето – дали ги прифаќаат квотите за прераспределување на мигрантите во државите членки на ЕУ.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан во петок во Братислава треба да се сретне со лидерите на другите земји од Унијата.