Осуммина баратели на азил ќе ја тужат Македонија бидејќи земјава ги избркала назад во Грција откако успеале да ја преминат границата.
Адвокатската групација која стои зад мигрантите ПроАзил, соопшти дека им помогнала на мигрантите да се пожалат во Европскиот судот за човекови права.
Карл Коп од Франкфурт, Германија, која стои зад нив, не ги идентификува тужителите но во изјава за Асошиејтед ПРес напоемнува дека тие се од Сирија, Ирак и Авганистан.
Доколку судот пресуди во нивна корист, на мигрантите им следува финансиска компензација од Македонија.