Турските медиуми денеска објавија дека досега се уапсени 13 лица осомничени за поврзаност со убиството на рускиот амбасадор во АНкара, а меѓу нив и таткото, мајката и сестрата на атентаторот.
Турската ТВ станица Хабер објави дека шестмина осомничени се уапсени во провинцијата Ајдин, каде што е роден убиецот Амвлут Март Алтинташ.
Меѓу уапсените се родителите и сестрата на убиецот и други негови роднини. Останатите уапсени се во Измир.
Агенцијата Тас пренесува дека е уапсен и адвокат, сосптвеник на станот во кој некое време живеел Алтинташ.
Истата агенција објави дека одговорноста за убиството ја презела терористичката организација Џеиш ал Фарах, претходно позната како Нусра Фронт.
Рускиот амбасадор Карлов беше убиен во понеделникот навечер со пиштол од страна на бившиот турски полицаец Алтинташ додека држеше говор на отворање на изложба на фотографии „Русија преку очите на Турција“, во галерија во Анкара. Руските и турските власти нападот го окарактеризираа како терористички чин.




