Роџер Федерер по осми пат е шампион на тенискиот турнир во неговиот роден Базел што се играше за награден фонд од 1,837,425 милиони евра. Швајцарецот во финалето славеше над Хуан Мартин дел Потро со 6:7, 6:4, 6:3 за 95 титула во кариерата и избивање на второто место на вечната листа во опен ерата. Пред него е само легендарниот Џими Конорс со 109 турнирски победи.
Ако денешното финале беше 13 за Федерер во Базел, за Дел Потро беше трето во кое го претрпе и првиот пораз. Двете титули на турнирот досега го освојуваше токму против Федерер во 2012 и во 2013 година. Федерер и Дел Потро во Базел се пресметаа по 24 пат пришто Швајцарецот ја прослави 18. победа.
АТП турнир во Базел – награден фонд 1,837,425 милиони евра
Финале: Федерер (Швајцарија) – Дел Потро (Аргентина) 6:7, 6:4, 6:3