Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АЦВ: „Виз ер“ не се повлекува од Македонија

0
By Нова ТВ on August 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 22, 2018 15:35

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ нема да се повлече од македонскиот пазар, а најавеното оптимизирање на летовите на овој авиопревозник за Лондон и Барселона е од комерцијални причини, смета директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Горан Јандреоски.

На денешната седница на Комисијата за транспорт и врски на која беше усвоен извештајот за работењето на АЦВ за минататата година поголемиот дел од дебатата беше фокусиран на најавата за откажување на летовите, поништениот тендер за субвенционирање евтини авиолинии и претстојниот за кој Владата донесе нова уредба со изменети критериуми.

– „Виз ер“ нема да се повлече од македонскиот пазар и нема таква најава. Последното откажување  на летовите за Лондон и Бареселона е од комерцијални причини, рече Јандреоски, во одговор на прашање од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотовски кој упати критики за откажување на летовите.

Според Јандреоски, линијата за Лондон нема да биде целосно укината како што моментно  е ставена на статус кво линијата за Варшава.

– Авиокомпаниите, во случајов „Виз ер“, многу претпазиво работат на истражување на пазарот и капацитетите и не значи  дека ќе се повлечат целосно,  тоа им го покажуваат анализите кои се направени во моментов. До оваа фаза од мое професионално гледише со 15 години искуство во авијацијата  не верувам дека ќе се откажат. Министерството денеска донесе уредба и се оди во насока на привлекување нискобуџетни авиокомпании. Не е само Виз ер, има интерес и од Рајанер и Изи Џет, меѓутоа тоа е постапка која ја води Министерството. Секогаш има поддршка од Агенцијата и сигурен сум дека граѓаните ќе ги уживаат бенефитите уште долго време. „Виз ер“ не случајно паркирал четири авиони на нашиот аеродорм, наведе Јандресоки.

Од авиокомпанијата Лот, како што рече, не го откажале целосно летот за Варшава и оттаму може да го активираат се уште нивното одобрение зависно од економските анализи, додека укинувањето на линијата за Барселона е за зимскиот ред на летање.

Пратеникот од СДСМ Хари Локвенец во одговор на критиките од Деспотовски нагласи дека Владата максимално го поддржува и продолжува проектот  за субвенционирање нискобуџетни компании, како интерес за сите граѓани. Тоа, истакна, опозоицијата во ниту еден момент не треба да се користи и злоупотребува за политички поени. Раскинувањето на тендерот беше заради непочитување на формалниот карактер на пропишаните услови за аплицирање.

Авиокомпанијата „Визер“ минатата недела соопшти дека авиолиниите од Скопје до Ваксјо и Барселона и од Охрид до Лондон се оптимизирани според барањата на пазарот и ќе бидат функционални само во летната сезона, откако во јавноста се доведе во прашање останувањето на оваа компанија, по објавувањето дека се укинуваат летовите од Скопје за Барселона и од Охрид за Лондон.

„Наскоро, авиокомпанијата ќе го објави летниот распоред за 2019 година и патниците ќе можат веќе да ги планираат своите патувања и да ги резервираат своите карти на „Визер“ рутите од Македонија“, се наведува во изјавата од авиокомпанијата.

АЦВ Виз ер субвенции Транспорт и врски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.