Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Au revoir Џони Холидеј

0
By Нова ТВ on December 9, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 9, 2017 20:17

Илјадници обожаватели на францускиот рокер Џони Холидеј, чие вистинско име еЖан Фелипе Леа Смета, ги исполнија улиците на Париз додека поворката со ковчегот до црквата Маделин ја следеа 700 моторџии на Харли Дејвисон.

Поворката со ковчегот тргна напладне преку Шанзелизе папреку плоштадот Конкорд до Црквата Маделин.

За време на последното патување на музичарот, учесниците во поворката ги пееја неговите песни. Иако Холидеј не беше претерано популарен во странрство, во Франција имаше десетици илјади фанови. Во 57 години долгата кариера сними 18 платинести албуми, направи 181 турнеја, продаде 110 милиони плочи, што е повеќе од кој било друг пејач со толку долга кариера.

Погребот на Холидеј кого уште го нарекуваа францускиот Елвис стана народен настан, а не национален, како што тоа официјално го нарекоа. Според медиумите поворката ја обезбедувале 1.500 полицајци, а според пишувањето се работи за еден од најголемите погребни обреди од смртта на омилената француска пејачка Едит Пјаф во 1963 година.

На бројните парижани и Французи кои допатуваа од сите делови на земјата, им се приклучија и целата политичка и уметничка елита на Франција.

Покрај неговата вдовица Летиција и нивните две ќерки, на погребот присуствуваа неговата прва сопруга пејачката Силвија Вартан и неговиот син Давид Холидеј, бившата партнерка, актерката Натали Баје со која има и черка Лаура Смет. Меѓу другите беа и бившите француски претседатели Никола Саркози со сопругата Карла Бруни и Франсоа Оланд. Но семејството не и излезе пресрет на екстремно десно ориентираната француска политичарка Мари Ле Пен да биде меѓу 1200 повикани на погребната церемонија во црквата.

Актуелниот претседател Емануел Макрон во говорот пред црквата рече дека Холидеј ги споил генерациите и дека ќе остане во срцата на сите Французи. Го цитираше францускиот писател Виктор Иго велејќи: „Џони беше сила која не запира“.

Обредот во црквата заврши со блуз и аплауз на присутните, негови пријатели и обожаватели. Холидеј ќе биде погребан на карипскиот островото семејство има куќа.

погреб Џони Холидеј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.