„Сите бизниси од тетовските и гостиварските села ќе ни дојдат на две минути од Скопје, цело Косово ќе ни биде овде преку викенд и ќе ја изгубиме демократијата онака едноставно, како што ќе ја изгубиме Македонија, македонскиот јазик. Се она што го зборуваше Никола Груевски години наназад, сè се исполни. Остана уште федерализација и камповите на бегалците, а тоа ќе се случи доколку ги загубиме локалните избори. Ќе ни ја сменат етничката карта на Македонија“. Ова е содржина од последните 15-тина секунди во аудио снимка што пред два часа се појави на каналот „Зелен црв“ на Јутјуб. Вкупното времетраење на материјалот е три минути во кои цело време се слуша женски глас, а снимката е објавена со инсертирана фотографија на Јелена Жугиќ.

Целиот материјал може да го слушнете на линкот