Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска и утре престојува во работна посета на Русија. Фидан изјави дека разговорите со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Москва ќе бидат подготовка за средба меѓу лидерите на двете земји Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган. Прашањата за кои ќе разговараме ќе станат подготовки за претстојната средба на двајцата лидери. Ќе разговараме за прашањето за продолжување на договорот за жито и за воспоставување праведен мир во Украина на мирен начин. Покрај тоа, на дневен ред ќе биде и ситуацијата во Сирија и Јужен Кавказ. Му благодарам на мојот драг пријател (Сергеј Лавров)…
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретнала со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани и претставници од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. На средбата дискусијата била со фокус на детската заштита, а се разговарало на теми за Детската гаранција, стратегијата за родителство како важен документ кој придонесува во развојот на децата и новата кампања на МТСП во соработка со УНИЦЕФ за промоција на менталното здравје кај младите – „Walk and talk“. Како што се наведува во соопштението од МТСП, на средбата Тренчевска ја истакна важноста на Европската детска гаранција како механизам на Европската Унија кој има…
Пред да стане италијанска премиерка, Џорџија Мелони беше еден од најжестоките гласови против миграцијата во ЕУ. Како опозициска политичарка, таа мрачно предупреди на напорите за замена на домородните Италијанци со етнички малцинства и вети дека ќе спроведе поморска блокада за да ги спречи мигрантите да го преминат Медитеранот. Како што пренесува Политико, за време на нејзиниот мандат, таа презеде значително поинаков начин – претседавање со наглото зголемување на нередовните пристигнувања и воведување законска регулатива според која дури 1,5 милиони нови мигранти ќе пристигнат преку легални канали. Во време кога десницата и екстремната десница се во пораст пред изборите за Европскиот парламент…
Спонзорирањето на политичките партии е дел од Законот за политички партии и финансирање на политички партии и тоа е регулирано согласно тој закон. Доколку одредена компанија финансирала политичка партија, согласно закон тоа треба да биде наведено и треба да биде објавено како што во овој случај било објавено. Дали тоа имало влијание врз изборот, тоа треба да го провери Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) која веќе објави дека ќе отвори случај по тој основ, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со градежната фирмата „Еуровиа“. Според Ковачевски, на тендерот што го објави МНР за преадаптација…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска кажа дека унгарскиот премиер Виктор Орбан изјавил „условно“ дека посегнувањето по коридорот за снабдување со гас за Унгарија и Србија ќе биде причина за војна, јави дописникот на МИА од Белград. -Се надеваме дека никој нема да помисли да ни го ускрати во текот на зимата тоа што ние и Унгарија го изградивме и плативме. Немаме индикации дека тоа е можно и верувам дека никој нема да помисли да се случи такво нешто, рече Вучиќ. Тој рече дека „за тоа разговарал со Виктор (Орбан) и Бугарите неколку пати, а, како што рече, снабдувањето со гас…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска имаше средба со Питер Хурелбринк, новоименуваниот директор на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС). На средбата присуствуваше и директорот во заминување Рене Шле. Од Секретаријатот за европски прашања соопштија дека главна тема на состанокот беше зајакнувањето на соработката во идниот период, со посебен акцент на трансформацијата на државата во клучните области за пристапување во Европската Унија. Од страна на новиот директор на ФЕС, Питер Хурелбринк, е потврдена поддршката и заложбата на фондацијата во исполнувањето и достигнувањето на реформските процеси и ЕУ агендата. Маричиќ на средбата ја потенцира важноста на соработката со „Фридрих Еберт“ и значајниот…
Британскиот премиер Риши Сунак денеска го назначи еден од своите најблиски соработници, Грант Шапс, за министер за одбрана, со што почна нова реконструкција на владата пред парламентарните избори следната година. Поранешниот министер за одбрана Бен Валас денеска официјално поднесе оставка, исполнувајќи го ветувањето што го даде минатиот месец. Валас беше министер за одбрана четири години и го надгледуваше воениот одговор на Велика Британија на војната во Украина. Шапс, кој минатата година го поддржа Сунак на изборите за лидер на владејачката Конзервативна партија, а со тоа и за премиер, е член на владата од 2019 година. Од февруари до денес беше…
Сигурно ќе следуваат нови мерки, не може никој во време на криза да печали на грбот на граѓаните, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со поскапувањата на некои од основните производи. Интервенциите, како што информира, најверојатно ќе бидат во делот на маржите и во делот на разликите меѓу производните и продажните цени. Ковачевски најави дека ќе има проблем со млекото, поради што утре ќе одржи состанок со министерот за земјоделство Љупчо Николовски. -Ги следиме цените, со економските министри веќе разговаравме за идните мерки што ќе се преземат, пред се, во делот на маржите и во…
Некои земји-членки на Европската унија се посветени на интеграцијата на земјите кандидати, како што е Северна Македонија, во фази. Според нив, дури и пред формалното членство ќе им биде дозволено „да седнат на масата на ЕУ“ и да учествуваат во дијалог, но без право на глас. Експертите за ЕУ прашања за „Фронтлајн“ велат дека иако идејата е брилијантна и може да придонесе во многу правци, не нешто ново, бидејќи е заснована на нон-пејпер на Австрија од мај 2022 година. Нано Ружин Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО вели дека секој вид на охрабрување на државите на…
Белерис е државјанин на Република Албанија и мора да биде еднаков пред законот со секој друг албански граѓанин, да одговара како и сите други, вели албанскиот премиер Еди Рама во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ за случајот со притворениот градоначалник на Химара, а говори и за пораките од Грција во однос на ЕУ перспективата на Албанија, јави дописничката на МИА од Атина. Премиерот на Албанија објаснува дека според него, „не е европски и е многу застарено“, ако Грција смета дека топката е кај Тирана во однос на европскиот пат на земјата и дека „ако топката не оди во насоката што…
Кокетирањето и популистичкото блебетање за црни сценарија и загрозеност на националниот или географскиот идентитет секогаш беа идеален лајтмотив и на нашата мејнстрим десница. Подготвени на сѐ, само да стигнат до власт, демнат и ги чекаат „остатоците и продуктите“ што се тешко сварливи и ги расфрлаат на сите страни, залиени со прегореното канцерогено масло. Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА Основата на секоја вешто приготвена манџа е иста – масло, домат, пиперка и кромид. Зависно од потребниот вкус таа може да се збогати со месо, со тиквички, компир или ориз. Сеедно. Метафората на еден оброк со политичката агенда што ја приготвуваат партиите е само…
Дуња Иванова е концертна пијанистка, наставничка, докторка на науки за естетика и државен првак во сите велосипедски дисциплини во кои се натпреварувала последниве три сезони. Иванова магистрирала на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано, а магистрирала и докторирала на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Дуња во разговорот за Фронтлајн вели дека музиката е светот во кој припаѓа, но пишувањето и спортот ја обликуваат нејзината стварност, „но ако треба да се идентификувам само со едно нешто, тоа би била мојата улога на мајка на две прекрасни деца“,…