Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експерти: „Партнерскиот совет на ЕУ на државите членки и кандидатки“, брилијантна идеја

0
By Ана Василевска on August 31, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 31, 2023 12:54

Некои земји-членки на Европската унија се посветени на интеграцијата на земјите кандидати, како што е Северна Македонија, во фази. Според нив, дури и пред формалното членство ќе им биде дозволено „да седнат на масата на ЕУ“ и да учествуваат во дијалог, но без право на глас. Експертите за ЕУ прашања за „Фронтлајн“ велат дека иако идејата е брилијантна и може да придонесе во многу правци, не нешто ново, бидејќи е заснована на нон-пејпер на Австрија од мај 2022 година.

Нано Ружин
Нано Ружин

Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО вели дека секој вид на охрабрување на државите на Западен Балкан, односно кандидатите за членство во Европската Унија е позитивна работа затоа што тоа го јакне јавното мислење и во ЕУ, и во државите кандидати. Слични предлози и охрабрувања имавме и за време на кандидатскиот статус на нашата држава во НАТО.

– Во услови на опасност, солидарноста меѓу државите членки е многу битен елемент, и таа солидарност настојува да се прошири, бидејќи се сфати дека кога на Украина и се дава кандидатски статус, држава во војна, тогаш е разбирливо дека и останатите држави што се со години кандидати очекуваат поголем респект. Мислам дека е тоа добра идеја, да се направи нешто, што е слично со тоа што го направи НАТО – со „партнерскиот совет на држави“, каде што државите партнери беа перманентно информирани за тоа што се случува во алијансата, има и одредени исто така обврски, задачи, цели и се покажаа како многу корисни во целокупната политика на НАТО, изјави Ружин за „Фронтлајн“.

И ова идеја, додава тој, е еден вид, Совет на државите полноправничленки заедно со државите кандидати.

– На извесен начин би ги релаксирал односите меѓу државите, би се разговарало на тие состаноци на највисоко ниво и мислам дека идејата е извонредна, но секако дека таа бара пред се поддршка и одлука и на останатите држави членки, односно на Советот на ЕУ, подвлече тој.

Малинка Ристевска Јорданова
Малинка Ристевска Јорданова

За Малинка Ристевска Јорданова, експерт за ЕУ овој предлог не е нов, туку е нон-пејпер на Австрија од мај 2022 година.

-Се заснова на предложен модел од 2021 година на тинк-тенкови (ЦЕП од Белград и ЦЕПС од Брисел). Идејата е додека се чека ЕУ да се реформира, односно да биде подготвена за проширување, на државите од Западен Балкан да им се дадат конкретни придобивки – пристап до пазарот на ЕУ, пристап до структурни фондови, учество во одделни политики и присуство во одделни фази на процесот на одлучување. И сето ова – условено од успехот во реформите, пред сѐ – во кластерот Темели, но и во конкретните сектори каде што придобивките треба да се стекнат, вели Ристевска Јорданова за „Фронтлајн“.

Таа нагласи дека сепак овој предлог е добра можноста да се стекнат придобивки од членство пред членство – особено оние што би биле најопипливи за економијата и граѓаните, како што се пристапот до пазарот, односно отстранувањето на бројните присутни бариери и пристапот до фондовите на ЕУ.

– Проблемот е што времето минува, а за клучните придобивки сѐ уште се дискутира и нема предложени конкретни решенија, нагласи таа.

Каролине Едштадлер
Каролине Едштадлер

Австриската министерка за Европа, Каролине Едштадлер, изјави дека нејзината земја се залага за интеграција на земјите-кандидати во Европската унија во фази, така што дури и пред формалното членство ќе им биде дозволено „да седнат на масата на ЕУ“ и да учествуваат во дијалог, иако без право на глас.

Во интервју за австриското државно радио, Едштадлер рече дека сега е вистинско време за ваква промена во процесот на проширување на ЕУ. Таа потсети дека таа и шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг и претходно искажувале таква идеја, но оценила дека сега е време да се спроведе.

– Живееме во многу предизвикувачко време, доживуваме војна на европско тло. Кога, ако не сега, е моментот да се реформира процесот на проширување на Унијата. Време е за големи идеи и да се разбере дека населението мора да биде дел од него, рече Едштадлер.

Целта на европската интеграција, нагласи таа, останува полноправно членство, но тоа е долг пат полн со „болни реформи“. Според нејзиното искуство, во 2020 и 2021 година, малкумина лидери на ЕУ навистина го поддржаа проширувањето, но дека денес тоа е „здраворазумска работа“ за повеќето поради зголеменото влијание на Русија и Кина.

Поранешниот дипломат Нано Ружин оценува дека изјавата на Едштадлер, се надоврзува на она на Шарл Мишел, па и на Макрон, што малку не доведе до одредени скептички толкувања, но идејата е дека Северна Македонија се подготвува да стане членка на ЕУ.

– Тоа е знак дека други фактори пред се геополитички одлучиле затоа, потенцира Ружин.

Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски на трибината „Ние сме Европа“ во Скопје рече дека „Патот до ЕУ нема да е лесен, но кога се има голема цел, тогаш нема ништо тешко. Знам дека во 2030 година Македонија ќе биде првата земја членка на ЕУ од Западен Балкан“.

Тој додаде дека не смееме да ги пропуштиме историските шанси бидејќи не постои друга реална перспектива или алтернатива која на нашата држава може да ѝ обезбеди долгорочно темели за раст.

– Сега е вистинското време за продолжување на преговорите со ЕУ. Сите треба да имаме одговорност да направиме сѐ за земјата да оди напред, а не да бидеме изолирани и затворени и да немаме план за иднината на нашата земја. Можностите треба да се искористат, бидејќи ова што денес го имаме, утре може нема да биде опција, рече Ковачевски.

Дестан Јонузи

Извор: Фронтлајн.мк

ЕУ Малинка Ристевска-Јорданова Нано Ружин НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.