Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Орбан „условно“ зборуваше за причината за војна во случај гасоводот да биде саботиран

0
By Ана Василевска on August 31, 2023 ВЕСТИ
Брнабиќ-Орбан-Вучиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 31, 2023 14:47

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска кажа дека унгарскиот премиер Виктор Орбан изјавил „условно“ дека посегнувањето по коридорот за снабдување со гас за Унгарија и Србија ќе биде причина за војна, јави дописникот на МИА од Белград.

-Се надеваме дека никој нема да помисли да ни го ускрати во текот на зимата тоа што ние и Унгарија го изградивме и плативме. Немаме индикации дека тоа е можно и верувам дека никој нема да помисли да се случи такво нешто, рече Вучиќ.

Тој рече дека „за тоа разговарал со Виктор (Орбан) и Бугарите неколку пати, а, како што рече, снабдувањето со гас за Србија е од клучно значење и би било „катаклизма“ ако тоа се случи“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарците веднаш јасно ставиле до знаење дека постои уште еден гасовод, не „Северен тек“, туку „Јужен тек“, преку кој гасот доаѓа од Русија по јужниот коридор, до Турција, Бугарија, Србија и Унгарија.

-Заедно со претседателот и премиерката на Србија јасно кажав дека ако некој сака да го стори истото со јужниот коридор, како што беше направено со северниот коридор, тогаш тоа ќе го сметаме за причина за војна, терористички напад и ќе реагираме веднаш, нагласи Орбан.

Вучиќ изјави дека Србија има големи резерви на гас, околу 630 милиони кубни метри, но дека гасоводната мрежа поради пропустливоста не може да црпи доволно количества гас од Унгарија и од складиштето во Банатски двор.

-Од две места можеме да извлечеме најмногу шест милиони кубни метри дневно, а во зима ни требаат 16 милиони кубни метри во одредени денови и потоа купуваме десет милиони кубни метри, а од резервите црпиме шест, рече Вучиќ.

Александар Вучиќ Виктор Орбан Северен тек
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 21, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

ВЕСТИ July 21, 2026

Иран денес ја предупреди Бугарија да не им дозволува на САД да ја користат нејзината…

Метео: Врел воздух од Сахара се движи кон Европа – температури и до 47 степени

July 21, 2026

Официјално: Гостиварчани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

July 21, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

July 20, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.