Author: Ана Василевска

Платежната агенција денеска ја реализираше исплатата на дополнителната државна помош од 20 отсто за носители на земјоделски стопанства кои се регистрирани вршители на земјоделска дејност согласно Законот за вршење земјоделска дејност или регистрирани како индивидуални земјоделци согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Дополнителната помош се доделува на земјоделски стопанства кои се корисници на директните плаќања и имаат пријавени соодветни површини и животни од минимум 5 до максимум 50 хектари пријавена површина со поледелски култури со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал, од минимум 1 до максимум 5 хектари пријавена површина со градинарски култури, од минимум 1 до максимум 5…

Read More

Во Полска се приведени двајца Руси кои дистрибуирале пропагандни материјали за групата „Вагнер“ низ полските градови, изјави министерот за внатрешни работи Мариуш Камински. „Агенцијата за домашна безбедност идентификуваше и приведе двајца Руси кои дистрибуираа пропагандни материјали на групата „Вагнер“ во Краков и Варшава“, напиша Камински на платформата X. Двајцата се обвинети, меѓу другото, за шпионажа и се уапсени. Низ улиците на Краков се појавија повеќе постери со логото на руската приватна платеничка група „Вагнер“, јавија во саботата полските медиуми. Во последните неколку недели, руските платеници од групата „Вагнер“ се појавија на границата со Белорусија, што полскиот премиер Матеуш Моравјецки го…

Read More

ЉУБИША НИКОЛОВСКИ На политичките субјекти во албанската опозиција им треба итна лоботомија на идеолошката матрица за да ја сфатат новата геостратешка реалност дека иднината на овој регион не е во излоцаионизмот до кој се држи Курти, туку е во меѓусебната соработка и во полноправното членство во ЕУ и дека таму нема место за мали политички националисти со нозете и главата во минатото. Турбуленциите во корпусот политички партии на Албанците во Македонија, доведоа до нивно дробење и уститнување на дури седум политички субјекти, најмногу досега од почетокот на политичкиот плурализам во земјава. Сите тие сега си го бараат своето место под…

Read More

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Сите нешто ќарија од посетата на косовскиот премиер на Скопје и Тетово. Или требаше да кажам Чаир, дека тоа не е Скопје, нели? Како и да е, кога ќе се сведат сметките, тоа беше мошне профитабилна посета. Со акцент на приватна. Курти дома (во Косово) покажа дека го сакаат во соседната држава и дека умее да одржи говор со идеи за големи инфраструктурни проекти. Што е важно чии се и дали се реални? Притоа, му брцна малку в око на Еди Рама, а веројатно и на Али Ахмети. Барем се обиде. И Еди и Али го игнорираат подолго…

Read More

Адвокатите на Хантер Бајден вчера во поднесок до судот напишаа дека обвинителите се откажале од договорот за признавање вина на синот на американскиот претседател за даночно затајување и престап со оружје, што го отвори патот за судење во време кога Џо Бајден ќе ја води претседателската кампања. Федералните обвинители на Делавер во петокот изјавија дека на Хантер Бајден би можело да му се суди за казнени дела откако пропаднаа преговорите за признавање вина. Окружната судијка Мерилен Нореика го отфрли предложениот договор за признавање вина во јули поради неговата сомнителна законитост и степенот на имунитетот што му се понуди на Хантер…

Read More

Околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави ќе учествуваат на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ), која ќе се одржува во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид  од 17 до 31 август. Пријавени се семинаристи од Кина, САД, Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Русија, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и Чешка. Како што соопшти МСМЈЛК при УКИМ, значајно е што бројот на семинаристите се зголемува во споредба со претходните години и нагласува дека тоа е уште еден показател и…

Read More

Воената хунта на Нигер соопшти дека ќе му суди на соборениот претседател Мохамед Базум за „предавство“ и поткопување на националната безбедност, само неколку часа откако објави дека се отворени за разговори со претставници на Економската организација на земјите од Западна Африка- ЕКОВАС. Портпаролот на воената хунта Амаду Абдрамане синоќа на државната телевизија изјави дека војската „ги собрала потребните докази за да го гони соборениот претседател, како и неговите домашни и странски соучесници за велепредавство и за поткопување на внатрешната и надворешната безбедност на Нигер“. Базум, кој беше демократски избран претседател на Нигер, беше соборен со државен удар на 26 јули…

Read More

Мерка притвор им е одреден на четворица од осумтемина уапсени на грчкиот остров Крит за криминалната организација која злоупотребувала жени како донори на јајце клетки или сурогат мајки, за измами на пациенти преку лажни ин витро и за посредување при нелегални посвојувања на бебиња, јави дописничката на МИА од Атина. Криминалната организација беше разбиена минатата седмица, а уапсените вчера беа изведени пред истражен судија на Крит. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, меѓу притворените е и лекарот, сопственик на приватната клинка за асистирана репродукција. Како што објави МИА минатата седмица, од грчката полиција соопштија дека од декември 2022 година, биле евидентирани…

Read More

Претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала, во рамките на тридневната школа за млади лидери при Форумот за мир и дијалог (Peace Forum Dialogue) пред учесниците одржа предавање на тема „Медиумите во политиката и пропагандата“. Дерала сподели голем број примери за тоа како медиумите се поврзани со политиката и пропагандата. „Медиумите се превозни средства за политиката, како и за пропагандата креирана од домашни и странски центри на моќта. Често, тие имаат исти или блиски финансиски извори. Дел од финансиерите, пак, го зголемија своето богатство во бизниси токму со Русија. Затоа, не треба да зачудува што големите медиумски куќи…

Read More

Сите 105 навивачи уапсени за инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта во кои беше убиен 29-годишниот навивач на атинскиот тим, ќе бидат притворени, откако и на последните 35 уапсени денеска им беше одредена мерка притвор, јави дописничката на МИА од Атина. За време на тридневното маратонско сослушување, ниту еден од уапсените не беше ослободен од обвиненијата за кои се товарат, а од 105 лица, 102 се хрватски државјани, двајца се Грци, а еден е Албанец. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, меѓу оние кои денеска дадоа исказ пред истражен судија и добија мерка притвор се и петтемина Хрвати, кои…

Read More

На темава актуелна може да се напишат стотина реченици но, еве, за национално емотивно повредените, а стокмено во една реченица, збор, два за состојба која отсликува актуелен амбиент во кој, излегува, колку поблиску до конечен почеток на ЕУ интеграциите, толку посилен отпор од национално просветлени или од интересџиски посветени, сеедно, политичари, бизнисмени, медиуми, уредници, колумнисти, од демек интелектуалци, од, пак, демек, од оние национално емотивно повредени, а пак, демек, ние другите не сме, но џабето е во неизбежниот факт дека машина за враќање наназад во времето, машина за ретро, уште не е измислена па, природно, останува сè да се движи…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се заложи за дипломатско решение за завршување на војната во Украина, нагласувајќи дека сегашните разговори се многу важни и можат да овозможат мир. Во интервју за ЗДФ, тој рече дека минатонеделните мировни преговори во Саудиска Арабија биле многу важни. -Навистина, тие беа само почеток, но, сепак, тоа е нешто многу посебно, истакна тој. Германскиот канцелар кажа дека покрај земјите од Латинска Америка и Африка, во разговорите учествуваше и Кина, што може да биде начин за олеснување на мирот. -Затоа има смисла да се продолжат овие разговори, бидејќи, многу конкретно, тие го зголемуваат притисокот врз Русија…

Read More