Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Добредојдовте на приватна забава

0
By Ана Василевска on August 14, 2023 ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Џабир Дерала
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 14, 2023 11:19

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Сите нешто ќарија од посетата на косовскиот премиер на Скопје и Тетово. Или требаше да кажам Чаир, дека тоа не е Скопје, нели? Како и да е, кога ќе се сведат сметките, тоа беше мошне профитабилна посета. Со акцент на приватна.

Курти дома (во Косово) покажа дека го сакаат во соседната држава и дека умее да одржи говор со идеи за големи инфраструктурни проекти. Што е важно чии се и дали се реални?

Притоа, му брцна малку в око на Еди Рама, а веројатно и на Али Ахмети. Барем се обиде. И Еди и Али го игнорираат подолго време, да не речам, го изолираат, од познати причини. Ова им беше вратка. Во меѓувреме, Ахмети и ДУИ одбележуваат, мошне квалитетно, 22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, а Рама води држава кон членството во ЕУ. Не сум сигурен дека го забележаа. Барем така изгледа.

Профити имаше на двете страни од етнополитичките тараби. Сите нешто дадоа и сите нешто добија за возврат. Кој повеќе, кој помалку.

Малку гордост, малку провокации, ред омраза и повикување на „второ полувреме“, неколку експресни прекорни реакции и изјави од највисоко ниво (без драма како што ѝ доликува на држава), многу насмевки и селфиња отаде тарабите, исто толку angry face на другата страна и обратно. Дури и Певица се истакна, иако најслабо помина. Се напишаа неколку десетици текстови (меѓу кои имаше и маестрални) и стотици статуси. Многу, многу кликови, вистински празник за алгоритмите. И – толку. Како за чудо од еден ден, капа полна ситни дарови.

Курти замина барем навидум задоволен, а Земјината топка доби дозвола да продолжи со својот здодевен пат околу Сонцето. Како што отприлика напиша еден пријател на својот ФБ профил – Тетово остана да се дави во ѓубре и нерешени проблеми. А во Скопје (edhe Çair), освен со сменети табли, улиците останаа со дупки, а колите останаа паркирани на тротоарите, за младите мајки да туркаат колички по улица. Дека побезбедно. Замислете саксија да им падне од некој балкон! Или скинат долен веш, недајбоже!

Што уште имаше на „програмата“?

Во Тетово се запеа песна, со која се посакува добредојде на гостинот во Албанија. Рама не го прима првиот Косовар кај него, па утешно добива „соодветна“ песна во Македонија. Мошне „коректно“, нема што!

На собирот (приватен), немаше ниту едно знаме на државата, но затоа имаше силна сатурација со црвено-црни знамиња. Како тоа да не беше доволно, се развеа и бајрак со мапа на Албанија од оние поголемите верзии. Да се најде, не за друго…

Веројатно, истрагата ќе утврди дека и тоа знаме се развиорило приватно и дека знаменосецот дома има уште најмалку две знамиња, едно од Шкендија, а друго од Барса, кога ќе дојдат на меч во Shkup, односно Скопје, да играат со друг тим, а не со неговиот. Малку заплет мора да има во (мело)драмата…

На времето, моите приватни забави беа прилично посетени, но Курти ме шие. Можам да се вадам дека ги правев во ноември и декември, па студено и слично, ама слабо фајде имам од оправданија со годишното време. Курти, сепак, имаше повеќе раја од мене.

Сепак, не сум ни јас за фрлање. Не мала утеха е тоа што јас секогаш сум имал подобра музика на моите забави. И воопшто во животов.

Курти дојде на (пре)именување на улица во Скопје, која го доби името на балканскиот Мандела, Адем Демачи, кому тој своевремено му беше асистент, потоа и портпарол. Што вели еден мој пријател, извонреден аналитичар, и во Пехчево да именуваа улица според Демачи, тој ќе појдеше, затоа што е познато колку го почитуваше својот ментор од младоста.

Во што се разви оваа еднодневна журка во Скопје и Тетово е друго добро утро.

Како и да е, претходното име на улицата е Втора македонска ударна бригада. Дел од оние за кои сум убеден дека не само што не се националисти, туку се и антинационалисти, не им беше сеедно, благо речено. Со право. Не тежи оправданието дека тоа е одлука на град Скопје од 2021 година. Едноставно, на дел од граѓанките и граѓаните на Чаир и Скопје, веројатно и пошироко – не им е право. Па нека е Демачи меѓународно призната фигура, писател и борец за човекови права.

Можеби требаше да се најде некое подобро решение. Убеден сум дека чаирчанки и чаирчани треба да организираат една заедничка забава, ама никако со диџеј од Певица или Бмбро. Можеби, на таа забава, Македонките и Македонците ќе излезат со предлог за име на улица или установа со албански деец, а овие со македонски! Тогаш, Певица и Бмбро, и ним сличните од двете страни на тарабите, ќе останат со прстот…

Останува во наредните неколку дена, можеби и недели, дежурните чувари на националната гордост да го повторуваат прашањето до каде е истрагата за одговорноста на организаторите на пречекот на приватниот Курти. Како што изминува летото, ќе се стават знамињата со сонцето од Вергина како наметки, а и омразата кон Бугарите нема да стивне, убеден сум. И двоглавиот орел ќе лета на својата вообичаена рута меѓу правото и провокацијата.

Накратко, сите отворени фронтови на типичниот балкански инает ќе им дадат простор и можност, како на ветераните, така и на регрутите да ги истакнат своите таленти и капацитети за омраза и бустање на националната гордост, or whatever. Ќар до ќар.

Јас во меѓувреме ќе почнам со мојата плеј листа. Што велите да почнува со ”Common People” (Pulp)? Или можеби нешто со порака, наместо „Добредојде во Албанија“ – да одам со “When I Get Low, I Get High” (The Speakeasy Three, feat. The Swing Ninjas). Па ќе одиме на понови ствари.

А Европа? Европа ќе нѐ почека. Онака, гордо – самоуништувачки.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

Али Ахмети Посета на Албин Курти Чаир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.