Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев на брифинг во Судската палата изјави дека нема да поднесе оставка. „Сум работел само и само за Бугарија и безбедноста на бугарските граѓани. Можеби грешев, можеби кажав нешто немерено, но се беше во интерес на народот“, рече Гешев. Тој истакна дека по пристигнувањето од САД бил повикан да поднесе оставка. „Се спомна моето семејство и дека ако не го сторам тоа, некој ќе го притисне копчето Ентер со некои работи, со некои видеа и затоа подобро бидам внимателен, бидејќи животот продолжува“, рече Гешев. Главниот обвинител рече дека пред еден месец добил понуда да стане…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го прими Илон Маск, сопственикот на Тесла и Твитер, пред почетокот на состанокот наречен „Избери Франција“ на кој ќе учествуваат повеќе од 200 шефови на мултинационални компании, соопшти Елисејската палата. Тие утрово ќе разговараат за „атрактивноста на Франција и нејзините индустрии“, соопшти француското претседателство, потврдувајќи ги претходните информации од медиумите. Шефот на француската држава попладне ќе прими повеќе од 200 шефови на мултинационални компании во Версајската палата во близина на Париз на состанокот „Избери Франција“. Во најавата за таа средба се наведува дека се очекуваат рекордни 13 милијарди евра инвестиции.
Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на шефовите на преговарачките тимови на Србија и на Косово, Петар Петковиќ и Бесник Бислими во рамките на продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската унија Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, кој минатата недела ги посети Приштина и Белград, изјави дека претстојниот состанок во Брисел е добра можност да се постигне договор за конкретни следни чекори. Лајчак, кој прво престојуваше во Приштина, рече дека имал „важна дискусија во врска со нацрт-статутот на Заедницата на српските општини“ со премиерот на Косово, Албин Курти.…
Потенцијалниот втор круг на гласање ќе се одржи на 28 мај, откако ниту еден од кандидатите не го достигна прагот за победа од 50 отсто. Гласовите од турските граѓани кои живеат во странство се влијателни – и покрај тоа што опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу го води пребројувањето од избирачките места ширум светот, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган се залага за своите упоришта како Франција и Германија. Еуроњус пренесува дел од коментарите и објавите за изборите во Турција: Еве детално читање за првото турско избирачко место во Литванија и што ги прави значајни странските турски избирачки места: Нема одложување на пребројувањето…
Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе ја продолжи расправата за предложените измени на законите поврзани со изградбата на коридорите, означени со европско знаменце, кои треба да се донесат по скратена постапка. Членовите на комисијата во петокот ги одбија амандманите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Предлог-законот за измени на Законот за работни односи, кој е прв од петте закони во кои треба да се интервенира согласно договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на делници од коридорите 8 и 10д. На денешното продолжение на седницата треба да почне расправата за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање. Во…
Јенс Столтенберг е 13-тиот генерален секретар на НАТО, функција која ја има од 2014 година. Пред тоа, два пати беше премиер на Норвешка, вкупно девет години. Уредничкиот борд на Вашингтон Пост му постави прашања за руската војна против Украина и други клучни прашања за НАТО алијансата. Интервјуто, што се одржа минатата недела во седиштето на НАТО во Брисел, е едитирано од Пост, заради должината и јасноста. Ли Хокстадер, Уредувачки колегиум на Вашингтон пост: Како војната доведе до тоа НАТО да ја ре-калибрира својата одбранбена положба и доктрина? Генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг: Војната во Украина фундаментално го промени НАТО, но мора…
Разговараше: Ана Василевска „Ветерната приказна“ е чиста фикција обременета со темата на минливоста, цикличноста, заборавот, спомените, љубовта, ветувањето и простувањето.“ Перфекционизмот и филигранското издаваштво кое веќе пет години го негува книгоиздателството „Гаврош“ од Скопје, годинава беше препознаено и наградено од Македонската асоцијација на издавачи. Имено, изданието „Ветерната приказна“ на Ника Гавровска со илустрации на Наташа Андонова ја доби првата награда за најкреативно издание на Саемот на книгата. Во оваа категорија влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност. Притоа, се оценува иновативниот пристап и уникатноста на изданието во рамки на нашето издаваштво. „Ветерната приказна“…
Во обраќањето до јавноста на српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до девет часот биле предадени 9.401 парчиња оружје и дека ќе се ангажираат светски експерти да работат на поддршка на децата и родителите. „До 9 часот утринава, согласно одлуките донесени во претходните денови и страшните трагедии во Белград, во околината на Младеновац и Смедерево, во акцијата за собирање оружје собрано е 9.401 парче оружје, 460.537 куршуми од различен калибар, а собрани се и 884 минско- експлозивни направи, од кои 711 бомби и зољи“, изјави Вучиќ. Како што оцени, „особено е задоволен од она што е постигнато со испраќањето полицајци…
Во вторник на 16 мај во хотелот Парк Резиденс, со почеток во 12 часот ќе биде одржана конференцијата насловена „Односи меѓу заедниците-перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на Здружението на граѓани ЦИВИЛ -Центар за слобода. На конференција на ЦИВИЛ ќе стане збор за општествено-политичките аспекти на односите меѓу заедниците, мултикултурализмот и европските вредности. Настанот се одржува и во контекст на Светскиот ден на различностите, 21 мај. Кконференцијата ќе ја отвори шефот на државата, претседателот Стево Пендаровски, а клучни говорници ќе бидат вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, националниот координатор за мултикултурализам,…
Поради непочитување на одредбите од изборниот законик, Централната изборна комисија на Албанија, парично казни градоначалници, генерални секретари во министерства, директори, како и медиуми. „По утврдените неправилности ЦИК достави барање до Комисијата за жалби и санкции која по разгледување на истото наместо за 20 колку што баравме, парично се казнети 15 градоначалници заради користење јавни ресурси во изборна кампања, кои се казнети со по 100 илјади лека (909 евра). Со по 455 евра се казнети пет генерални секретари во министерства и двајца директори, кои на официјалните веб страни на институциите поставувале изборен пропаганден материјал на политичка партија,“ објави ЦИК. Исто така,…
Пред почетокот на летото ќе завршат работите за подобрување на сообраќајниот пристап на граничниот премин Прешево – Табановце, кои опфаќаат проширување на пристапните патишта од српска и од македонска страна. Оваа делумна реконструкција на преминот ќе резултира со одредено забрзување на протокот на возила и намалување на задржувањето на бројот на граѓани на граничниот премин. „Работите се изведуваат како дел од Иницијативата Отворен Балкан, што ја започна претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Реконструкцијата на преминот е еден од резултатите од Меморандумот потпишан меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија, кој содржи мерки за забрзување на…
„Иако се уште има десничарски партии кои не ја прифаќаат промената на името, таа е дел од нашиот Устав. Што и да се случи во Северна Македонија во иднина, Уставот мора да биде почитуван“ изјави поранешниот премиер Зоран Заев во изјава за грчки „Катимерини“. Тој додаде дека дури и опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски јавно изјави дека нема назад од Преспанскиот договор и дека тој ќе продолжи да важи и во иднина. Експремиерот Заев додаде дека и грчката опозиција во времето кога се потпишуваше договорот, а сегашна власт нашла начини како да се продолжи соработката меѓу двете држави. „Треба да се…