Author: Ана Василевска

Промовирана монографијата „Со поглед кон Европа“, со дваесет текста од исто толку автори, за остварувањата за македонистиката во Риека од 2008 година до денес и за перспективите во времето што следи. Прва монографија за лекторат по македонски јазик на странски универзитет. Дејноста на Лекторатот по македонски јазик во Риека –најпрепознатлива и со најзабрзан развој на тамошниот Филозофски факултет. Ова е една од пораките упатени на свеченоста со која вчеравечер, во Риека започна чествувањето на јубилејот 15 години Лекторат по македонски јазик на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека. „Дејноста на Лекторатот по македонски јазик, во изминатите петнаесет години е најпрепознатлива…

Read More

Руските трупи се повлекоа на растојание до два километри на одделни делови од фронтот во насока Бахмут во текот на предходниот ден. „Благодарение на добро осмислената одбрана во насока Бахмут, ги добиваме резултатите од ефикасните акции на нашите единици. Меѓу другото, извршуваме и ефективни контранапади. Во некои области на фронтот непријателот не можеше да го издржи напад на украинските бранители и се повлекоа на растојание до два километри“, објави на Телеграм генерал-полковник Олександр Сирскиј, командант на копнените сили на вооружените сили на Украина. Како што пренесува Укринформ, според командантот, компетентното спроведување на одбранбената операција ги исцрпило обучените сили на ПВЦ Вагнер…

Read More

Задоволство од синоќешната ТВ дебата на државната телевизија ЕРТ, што се одржа по пауза од осум години, изразија лидерите на грчките политички партии по завршувањето на тричасовната дискусија во пресрет на изборите на 21 мај, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателите на шесте партии одговараа на прашањата на шестмина новинари во шест области, претставувајќи ги нивните позиции за актуелните теми, меѓутоа, согласно правилата немаа можност да отворат дијалог меѓу себе, да си реплицираат или да си постават прашања. Во ТВ дебатата учествува актуелниот премиер и лидер на Нова демократија Кирјакос Мицотакис, претседателот на СИРИЗА Алексис Ципрас, првиот човек на…

Read More

Уставниот суд одлучи да не поведе постапка по иницијативите на Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје и Влатко Илиевски, адвокат од Скопје, во врска со прислушкуваните материјали. Како што инфомираат оттаму, Судот оценил дека членот 110 од Законот за Јавното обвинителство не е во спротивност со Уставот и одредбите на кои се повикуваат подносителите. „Од направената анализа и изнесената фактичка состојба произлезе дека законодавецот јасно, прецизно и недвосмислено ги пропишал начинот на користење и уништување на материјалите и транскриптите од незаконски прислушуваните материјали со прецизирање на рокови за уништување на истите, категорично задолжувајќи го Јавното обвинителство што да прави во…

Read More

Грчката полиција во соработка со колегите од Северна Македонија и канцеларијата на американската служба за борба против дрога во Атина, разби меѓународна криминална организација за трговија со дрога и заплени над 100 килограми кокаин во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Од полицијата во Солун денеска на прес конференција соопштија дека во Грција уапсени се десет лица, запленети се 104 килограми и 665 грама кокаин, како и 280.000 евра. Кокаинот во Солун пристигнал од Латинска Америка, скриен во специјални делови во контејнер со банани, а од пристаништето бил пренесен во магацин што го користеле членовите на криминалната мрежа. Грчки…

Read More

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска соопшти дека Судскиот совет ја изгуби легитимноста да биде тело кое ќе ја штити судската независност и бара од актуелните членови на Судскиот Совет да поднесат оставки и да овозможат формирање на друг состав на Советот. „Веќе втора недела јавноста сведочи како Судскиот совет континуирано отстапува од Законот за Судскиот совет и од стандардите за транспарентно и отчетно работење на оваа институција. На 26 април 2023 година, Судскиот совет  спротивно на Деловникот за работа вметна точка во веќе изгласаниот дневен ред, по што одлучуваше за разрешување на претседателот на Судскиот совет…

Read More

Руската пропаганда продолжува да создава лажни приказни за украинските тенкови и германската воена опрема, пренесува Укринформ. На руските Z-Телеграм канали кружи фотографија на која се гледа оклопно возило Marder IFV од германското производство заглавено во река. Пропагандистите тврдат дека токму украинската војска успеала да го „удави“ германското оклопно возило што Украина го добила од своите сојузници. Како „доказ“ дека возилото и припаѓа на украинската армија, руските пропагандисти го посочуваат белиот крст, наводно насликан на потопеното возило. Украинската војска ја означува опремата со слични крстови. Сепак, фотографијата е лажна бидејќи ја има веќе 13 години. Беше направено во Авганистан во мај 2010…

Read More

Во рамки на работната посета на Ирска, министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше обраќање пред Комитетот за ЕУ прашања во ирскиот Парламент. Османи ги брифираше ирските пратеници, членови на Комитетот за ЕУ прашања, за евроинтегративен процес на Северна Македонија, потсетувајќи дека во изминатите речиси две децении, државата е докажан и веродостоен партнер на Унијата, со стопроцентна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, кредибилен сојузник во НАТО и одговорен член на меѓународната зедница преку претседавањето со ОБСЕ во актуелниот нестабилен геополитички контекст, соопшти МНР. „Северна Македонија ја докажа својата својата посветеност кон првиот надворешно-политички приоритет – членството…

Read More

Пишува: Зоран БОЈАРОВСКИ, Фотографија: Ангел АНГЕЛОВСКИ, Камера: Алек РИЗИНСКИ На 17 јуни ќе се навршат 5 години од потпишувањето на Преспанскиот договор со кој Северна Македонија и Грција го надминаа тридеценискиот спор. Пет години подоцна, иако од двете страни на границата тогаш оваа спогодба беше ставена на големо искушение, пред сѐ, за оние во чии раце беше пенкалото во селото Нивице или Псарадес на грчки, на брегот на Преспанското Езеро – веќе никој не се сомнева дека Преспанскиот договор беше историски настан, за кој денес слободно може да се каже дека – вредеше. И тоа од повеќе аспекти. Како најголема…

Read More

Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ) го отвори повикот за учество на Биеналето на македонската архитектура. Имајќи ги предвид случувањата на глобално ниво во периодот од 2020 до денес и неможноста за организација на 20. Биенале во дадениот период, Управниот одбор на ААМ донесе одлука за интегрално одржување на 20. и на 21. издание на Биенале на македонската архитектура. Настанот ќе се одржи во период од 14 до 30 септември годинава во НУ „Национална галерија – Мала станица“ и во Музеј на современа уметност во Скопје, во чии рамки ќе бидат изложени проектни решенија и реализирани проекти во периодот од…

Read More

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека сите членки на Северноатлантската алијанса се согласни Украина да стане членка, но прашање е кога тоа ќе се случи. „Прво, сите сојузници се согласни дека Украина ќе стане членка на НАТО. Сите тие се согласуваат дека Украина има право да го избере својот пат и дека за тоа не одлучува Москва, туку Киев. Второ, сите сојузници велат дека вратата на НАТО е отворена, но не можам точно да кажам кога Украина ќе стане членка на Алијансата“, изјави Столтенберг за „Вашингтон тајмс“. Тој додаде дека она што може да го каже е дека…

Read More

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека досега од граѓаните се собрани повеќе од три илјади парчиња нелегално оружје. Тој денеска за телевизија Пинк рече дека граѓаните на Министерството за внатрешни работи му предале и десетици илјади парчиња куршуми и експлозивни средства. „Тоа е добра вест, бидејќи ризикот е многу помал за граѓаните на Србија. Сега добивам писма во кои ми велат дека не убива оружјето, туку злосторничкиот ум, но очигледно не можеме веднаш да откриеме кои се тие умови, затоа ова е важна акција и добро е што ја започнавме оваа акција“, рече Вучиќ и посочи дека е подготвен…

Read More