Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руската пропаганда изгубена во времето и просторот: Авганистан во 2010 година прикажан како Украина во 2023 година

0
By Ана Василевска on May 10, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 10, 2023 14:06

Руската пропаганда продолжува да создава лажни приказни за украинските тенкови и германската воена опрема, пренесува Укринформ.
На руските Z-Телеграм канали кружи фотографија на која се гледа оклопно возило Marder IFV од германското производство заглавено во река. Пропагандистите тврдат дека токму украинската војска успеала да го „удави“ германското оклопно возило што Украина го добила од своите сојузници.

Како „доказ“ дека возилото и припаѓа на украинската армија, руските пропагандисти го посочуваат белиот крст, наводно насликан на потопеното возило. Украинската војска ја означува опремата со слични крстови.

Сепак, фотографијата е лажна бидејќи ја има веќе 13 години. Беше направено во Авганистан во мај 2010 година.

На оригиналната фотографија немаше бел крст, туку е „фотошопиран“ подоцна од руските пропагандисти.

Ова не е прв пат руската пропаганда да шири дезинформации и омаловажување на западната помош во оружје и опрема за Укрина.

Претходно, про – Кремљ медиумите и  z-Telegram каналите ширеа лажни информации дека двајца украински тенкисти кои пристигнале во Германија да тренираат на Леопард 2 тенковите, наводно побегнале од центарот за обука и „побарале политички азил“ во Германија.

На крајот на јануари, 2023 година, руските пропагандисти споделија фотографија која наводно е направена на влезот во берлинската зоолошка градина. Како што може да се види од фотографијата, во позадина се гледа адресата на управата на зоолошката градина до посетителите. Претставниците на зоолошката градина, наводно, ги замолуваат гостите „да не ги хранат леопардите со празните зборови на [украинскиот претседател Володимир] Зеленски, бидејќи на животните може да им се здосади“. Се докажа дека фотографијата е лажна.

Во истиот период, државните медиуми на Кремљ, руските телеграм канали и проруските профили на твитер споделуваат видео наводно направено од случаен минувач во близина на светлечкиот билборд за реклами во центарот на Берлин. На видеото прикажани се два германски тенкови: тенк Пантер од Втората светска војна со наслов „1943“ и тенк Леопард со наслов „2022“.

На сликата исто така се гледа прашање на германски што се преведува како „Можеби, нема потреба да се прави ова повторно?“

Подготви: Д. Мишев

Извор: Цивил Медиа

Војна во Украина дезинформации руска пропаганда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.