Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Преспанскиот договор e приказна за поврзувањето, за слободата и за солзите на катарзата

0
By Ана Василевска on May 10, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 10, 2023 12:44

Пишува: Зоран БОЈАРОВСКИ, Фотографија: Ангел АНГЕЛОВСКИ, Камера: Алек РИЗИНСКИ

На 17 јуни ќе се навршат 5 години од потпишувањето на Преспанскиот договор со кој Северна Македонија и Грција го надминаа тридеценискиот спор.

Пет години подоцна, иако од двете страни на границата тогаш оваа спогодба беше ставена на големо искушение, пред сѐ, за оние во чии раце беше пенкалото во селото Нивице или Псарадес на грчки, на брегот на Преспанското Езеро – веќе никој не се сомнева дека Преспанскиот договор беше историски настан, за кој денес слободно може да се каже дека – вредеше. И тоа од повеќе аспекти.

Како најголема придобивка беше деблокирањето на патот за евроатлантските интеграции на Македонија, по што следуваше членството во НАТО и придвижувањето на процесот за членство во ЕУ, кој токму поради наметнатиот спор за името беше блокиран од страна на Грција, речиси 30 години.

Од денешен агол, особено од ракурс на војната во Украина и дизбалансот што таа го предизвика на геостратешки и глобален план, членството во НАТО на Северна Македонија ѝ донесе безбедносни гаранции од највисоко рамниште.

Договорот потпишан на јужниот брег на Преспанко Езеро, на потегот кој го поврзува со Мала Преспа, ја интензивираше и ја збогати соработката меѓу Северна Македонија и Грција.

Економските односи од потпишувањето на Договорот од Преспа имаа нагорен тренд. Грција е на листата на петте најголеми трговски партнер на нашата земја, а вредноста на вкупните инвестиции во Северна Македонија, оваа земја ја ставаат на високото трето место.

Но, тоа се фактите што произлегуваат од политичките процеси и актери, како и од трговските и економските статистики.

Иако, секако, тие се тука за да потсетат на придобивките од Преспанскиот договор од овие аспекти, она што многу повеќе ја интересираше екипата на Рацин.мк за време на трите дена во Лерин и Мала Преспа, беа приказните на луѓето. На крајот на ова наше патување се потврдија и нашите очекувања: Големината на Преспанскиот договор е што тој денес плете приказни за поврзување, а не за делби.

Тоа е она што му ја обезбедува иднината на овој договор и иднината на луѓето од двете страни од границата, или дури и на трите, ако земеме предвид дека Албанија е тука, преку ридот, или преку „едно завеслување“ со чамецот по водите на Преспанското Езеро, во регион кој е вистински неизбрусен дијамант, една скриена и недопрена убавина на овој дел од Европа.

ПРИКАЗНА ЗА СЛОБОДАТА И СОЛЗИТЕ НА КАТАРЗАТА

Професорката Александра Јоаниду, која на Универзитетот во Солун предава на Факултетот за балкански, славистички и ориентални студии, не ја сретнавме во Псарадес/Нивици, но таа со голема љубов се согласи на интервју преку Зум платформата и кога таа зборува за Преспанскиот договор, таа зборува за слобода.

– Договорот од Преспа ни донесе слобода. Не ослободи, вели таа во интервјуто за Рацин.мк

Јоаниду посочува дека темата Македонија и процесот за изнаоѓање решение за името „ги подели прогресивните од конзервативните сили“ во Грција и дека „прогресиовните сили пред овој настан, пред Преспанскиот договор, се подложија самите себе си на самоцензура“.

– Ако не бевме внимателни, бевме подложени на прогони во нашата професија, во јавните настапи. Бевме напаѓани од медиумите, не смеевме гласно да зборуваме дека постои друг македонски идентитет освен локалниот македонски идентитет на грчките Македонци. Бевме стигматизирани како национални предавници. Со договорот од Преспа, сето тоа запре, заврши, ни ја потенцира оваа придобивка од Преспанскиот договор професорката Александра Јоаниду, која на Универзитетот во Солун предава на Факултетот за балкански, славистички и ориентални студии.

Професорката Јоаниду со нескриена емоција говори и за катарзата, за восхитувањето од ослободувачаката енергија што ја пренесе Преспанскиот договор меѓу прогресивното граѓанство на Грција.

– Никој повеќе не ни вели, „а, вие зборувате македонски, за Македонците“ и потоа ве пријавуваат во медиумите, во полицијата, да бидете обвинети, да бидете отпуштени од работа, истакнува Јоаниду и уште еднаш ни нагласи дека „за прогресивните сили во Грција, ова (Преспанскиот договор) беше слобода“.

Повеќе на Рацин.мк

Грција Мала Преспа Преспански договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.