Author: Ана Василевска

Најмалку шест руски региони ги откажаа парадите на Денот на победата на 9 мај, што ја одбележуваат советската победа над нацистичка Германија, поради стравувањата од украинските напади, а последниот што се откажа е регионот оддалечен 400 милји ( 643.738 километри) од границата со Украина. Гувернерот на Саратов најави дека парадата таму нема да се одржи поради „безбедносни причини“, додавајќи на низата откажувања што се еклатантно признание за воената ранливост на земјата повеќе од 14 месеци од војната. Како што пренесува Гардијан, претходно шефовите на Белгород, Курск, Воронеж, Ориол и регионот Псков, како и на полуостровот Крим, окупиран од Русија, на сличен…

Read More

Сè уште трае евакуацијата на децата од основното училиште „Владислав Рибникар“, каде што се пукаше утрово , бидејќи некои наставници ги заклучувале децата во училниците за да ги заштитат. Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за Коста Кецмановиќ, седмооделенец кој уби најмалку шест деца. Бил добар ученик кој учествувал на натпревари и освојувал награди.   Се уште не може да се утврди каде се наоѓаат двајца ученици од седмо и второ одделение, пренесува „Данас“. Како што соопшти претходно МВР, осомничениот за нападот е ученик од седмо одделение во тоа училиште, малолетник кој е осомничен дека пукал од пиштолот на татко…

Read More

Во зградата на Европскиот парламент во Брисел вчера беше отворена изложбата „Заедно II“, која ја организира Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје (БГКИЦ) во соработка помеѓу министерствата за култура на Република Бугарија и на Република Северна Македонија, а со поддршка на европратеникот и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук. Како што соопштија од Бугарскиот културно-информативен центар, специјален гостин на отворањето на изложбата беше претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола. – Европската унија и овој парламент се посветени на унапредување на долгорочните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. И ќе продолжиме да ги охрабруваме двете страни на дијалог и работа за заедничка…

Read More

Германската и италијанската полиција уапси десетици во масовна акција против калабрискиот синдикат за организиран криминал „Ндрангета“. Огромна полициска операција насочена кон калабриската мафија, Ндрангета, беше започната утрово во неколку европски земји, вклучително и Германија, каде што беа извршени претреси и апсења. Повеќе од 1.000 полицајци претресоа десетици домови, канцеларии и продавници во покраините Баварија, Северна Рајна-Вестфалија и Рајнланд-Пфалц, се вели во заедничкото соопштение на обвинителството. Уапсени се над 30 осомничени за кои имало отворени потерници. „Меѓу другото, осомничените се обвинети за перење пари, затајување данок на банди, измама од комерцијални банди и шверц на наркотици“, се вели во соопштението на…

Read More

Велика Британија не испратила покани за церемонијата на крунисување на кралот Чарлс до лидерите на Русија, Белорусија, Иран, Мјанмар, Сирија, Авганистан и Венецуела, изјави за локални медиуми неименуван извор. Според него, на крунисувањето биле поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии. Кога станува збор за Северна Кореја и Никарагва, поканите биле испратени до високи дипломати, а не до шефови на држави. Кралот Чарлс ќе биде крунисан во сабота на 6 мај.

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Најмалку 67 новинарки и новинари го изгубија животот во 2022 година, стои во извештајот на УНЕСКО. Тоа е драматичен скок од 50% во однос на претходната (2021) година, која беше последна во низата години на подобрување на безбедноста во медиумската работа во претходните години. Црната статистика е придружена и со податокот дека 568 новинари се во затвор, според извештајот на Репортери без граници. И тука, бројот не е конечен, туку се работи за случаи што се познати и утврдени до моментот на составување на извештаите. Бројот на земји што се оценети како „добри“ за медиумската работа, според Репортерите без граници,…

Read More

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска , преку објава на фејсбук, информира дека започнале да се одржуваат претстави во реконструираниот Центар за култура во Кочани. „НУ Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани се враќа и подобар од кога било со премиерата која се одржа викендов на македонскиот филм „Преекспониранo“ на режисерката Елеонора Венинова. Благодарение на инвестицијата на Министерството за култура од 20 милиони денари, комплетно е реконструирана салата и реновиран ентериерот во Центарот, така што целиот тим се подготвени да ви посакаат добредојде на кино проекциите“, напиша Костадиновска Стојчевска. Министерката додаде дека од кино проекции до музички изведби, НУ…

Read More

Европското досие на Сeверна Македонија и на регионот на Западен Балкан во светло на шведското претседателство со Советот на ЕУ, беше во фокусот на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за европски прашања на Кралството Шведска Џесика Росвал, која престојува во работна посета на нашата земја. „На средбата Османи ги поздрави напорите на актуелното шведско претседателство со Советот на ЕУ во справувањето со чувствителни прашања во создадените комплексни геополитички околности, особено предизвикани со руската војна на агресија против Украина. Во тој контекст ја истакна воената, политичка и хуманитарна поддршка со која Северна Македонија придонесува во…

Read More

Обединетото Кралство ги одбројува деновите до крунисувањето на кралот Чарлс Трети , а некои најлојални кралски чувари веќе ги поставуваат своите шатори за да го обезбедат своето место за големиот ден. Како што почнува последното одбројување до крунисувањето на кралот Чарлс ТретиII, некои фанатични обожаватели на британското кралско семејство веќе почнаа да кампуваат покрај главниот пат до Бакингемската палата. На помалку од една недела до големиот ден, многумина сакаа да се осигураат дека ќе имаат најдобар можен поглед, бидејќи подготовките за крунисувањето продолжија околу нив. Стотици илјади луѓе од Велика Британија и од целиот свет се очекува да патуваат во…

Read More

Дванаесет млади луѓе од ЕУ и од Западен Балкан како дел од 42 -дневната кампања „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“ ќе се обидат преку своите приказни раскажани на социјалните медиуми да ги доближат можностите создадени од партнерството ЕУ – Западен Балкан и нивното влијание врз секојдневниот живот на луѓето. Избрани се шестмина млади луѓе, по еден од секоја од земјите од Западен Балкан, како и шестмина од земји-членки на Европската унија. На прес – конференцијата по повод стартот на кампањата во земјава, во просториите на Европската куќа во Скопје, се претставија двајцата млади блогери, Македонката…

Read More

Поврзувањето со пристаништата во Драч и Бургас е долгогодишно барање на стопанските комори од земјава, кои бараа алтернатива на пристаништето во Солун, со цел намалување на цените на траспорт и можност за повеќе избор при увозот и извозот на стоки. Со поврзаноста со само едно меѓународно пристаниште, Северна Македонија ризикуваше да биде целосно отсечена, во случај на блокада или штрајк во Солун, со што домашните комапнии ќе плаќаа и до три пати повисоки цени за транспорт на стоки, што ќе резултираше со удар врз домашната економија. Изградбата на Коридорите 8 и 10д е еден од најважните инфраструктурни проекти кои се…

Read More

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против две физички и едно правно лице, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело „Даночна измама по член 279-а став 2 и член 22  од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија. Како што стои во соопштението на Финансиска полиција, пријавените физички лица, во својство на управител, односно овластен сметководител на пријавениот правен субјект, со намера да стекнат противправна имотна корист, во текот на 2017 и 2018 година до Управата за јавни приходи, поднеле три даночни пријави со лажни и невистинити податоци за износот на влезен промет и…

Read More