Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Османи – Росвал: Потребни ни се јасни знаци дека проширувањето на европското семејство до 2030 година е возможна мисија

0
By Ана Василевска on May 2, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Бујар Османи
Бујар Османи
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 2, 2023 16:23

Европското досие на Сeверна Македонија и на регионот на Западен Балкан во светло на шведското претседателство со Советот на ЕУ, беше во фокусот на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за европски прашања на Кралството Шведска Џесика Росвал, која престојува во работна посета на нашата земја.

„На средбата Османи ги поздрави напорите на актуелното шведско претседателство со Советот на ЕУ во справувањето со чувствителни прашања во создадените комплексни геополитички околности, особено предизвикани со руската војна на агресија против Украина. Во тој контекст ја истакна воената, политичка и хуманитарна поддршка со која Северна Македонија придонесува во меѓународните напори за справување со агресијата, вклучително сто-процентно придружување кон сите санкции на ЕУ против Русија во поглед на случувањата во Украина“, известуваат од МНР.

Османи накратко ја брифираше Росвал за нашиот пристапен процес, со акцент на одвивањето на скрининг процесот и подготвителните активности во државата во насока на исполнување на предвидените обврски пред одржувањето на втората Меѓувладина конференција со ЕУ и отворањето на преговарачките кластери. Исто така, ја реафирмира заложбата на нашата земја да продолжи со дијалогот со Бугарија врз основа на заемно почитување и разбирање.

„Проширувањето на Унијата со земјите кои ги исполнуваат критериумите за членство е витално како за конкретните земји, така и за самата Унија. Потребни ни се јасни знаци дека проширувањето на европското семејство до 2030 година е возможна мисија“, истакна Османи.

Во конструктивен и пријателски разговор, министрите разменија мислења и за перспективата на политиката на ЕУ за проширувањето, со фокус на идеите за забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан, како кредибилен и вистински чекор во насока на подобрување на демократскиот развој, зголемување на економските можности за државите и граѓаните, како и помагање на процесот на помирување во нашиот регион.

На средбата, министерот Османи ја повтори безрезервната поддршка на Северна Македонија за полноправно членство на Шведска во НАТО во најкус можен рок.

„Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи ја запозна Росвел со актуелностите во однос на претседавањето со ОБСЕ низ призмата на утврдените приоритети, во кои европската безбедност и во тој контекст, Украина останува наш главен приоритет и клучно безбедносно прашање во рамки на ОБСЕ 2023“, посочуваат од МНР.

Бујар Османи ЕУ МНР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.