Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Две девојчиња се осомничени за убиство на 12-годишно девојче во Фројденберг, Германија, јавуваат германските медиуми. Телото на девојчето било пронајдено во неделата, а подоцна било потврдено дека починала од насилна смрт, пишува Дојче веле. Германските медиуми јавуваат дека две нејзини врснички се осомничени за убиството, . Девојчето исчезнало во саботата вечерта додека се враќало дома од пријателите, а нејзиното тело било пронајдено еден ден подоцна во близина на велосипедска патека на границата на две германски покраини. На местото на злосторството е пронајден и предмет кој најверојатно му припаѓа на еден од осомничените. „Тој чин ме шокираше. Секое убиство е страшно,…
Во сите судови во Сараево во тек се полициски увиди поради дојава дека во еден од нив била поставена бомба. Во тек се увиди во Уставниот, Врховниот, Општинскиот и Кантоналниот суд, како и во Судот на Босна и Херцеговина, бидејќи не се знае за кој од тие судови се однесува дојавата, па сите се евакуирани. „Непознато лице денеска телефонски се јавило да пријави дека поставило бомба кај ‘судот во Сараево“. Со оглед на тоа што не е прецизирано за кој суд се работи, сите судови се евакуирани, се обезбедуваат зградите и се вршат контрадиверзантски увиди“, потврди полициски портпарол.
Со изведување на материјални докази од одбраната денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се товари за нелегална набавка на софтвер. Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Маја Конеска. По изведувањето на материјалните докази од одбраната, на предлог на одбраната на Драги Рашковски, тој ќе биде испитан и ќе даде исказ пред Судот. Судот на почетокот на денешното рочиште информираше дека донел одлука за прифаќање на барањето на Обвинителството за одредување…
Пишува: Борјан Јовановски Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов на предизборен митинг во Плевен изјави дека се откажува од своите шанси да стане премиер. Според последните анкети, 25-27 отсто од гласачите ја поддржуваат ГЕРБ – бројка слична на оние што ја поддржуваат проевропската коалиција на десниот центар меѓу „Продолжуваме со промените“ и Демократска Бугарија (ПП-ДБ). Анализите покажуваат дека единствената опција за создавање стабилна влада е коалицијата меѓу ГЕРБ и ПП-ДБ, но политичкото наследство на Борисов останува најголемата пречка. Со оглед на ваквиот распоред на силите изгледа се поочигледно дека партијата ГЕРБ е пратена на „хемиско чистење” за да и се овозможи…
Во рамки на претседавањето на Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба (А5), во Скопје, се одржа првиот заеднички состанок на политички и одбранбени директори од министерствата за надворешни работи и министерствата за одбрана на земјите-членки и набљудувачи на Повелбата, информираат од МНР. „Нашето претседавање коинцидира со 20 годишнината од основањето на оваа иницијатива, при што на состанокот беа поздравени досегашните постигнувања на А5 рефлектирани во соодветно зачленувањето на четири земји од Повелбата во НАТО Алијансата. Оттука, во фокусот на разговорите на состанокот беа начините за ревитализација и адаптација на иницијативата кон новата безбедносна реалност и актуелната регионална динамика. Целта…
Водителката за сексуалното вознемирување кое го претрпела од Рамбо Амадеус, ги повикува институциите
Лејла Кашиќ, продуцентка на емисијата „Дневник“ на Радио-телевизија на Црна Гора, преку Инстаграм го обвини црногорскиот музичар Рамбо Амадеус (Антони Пушиќ) за сексуално вознемирување. На прашањето на Нова.рс дали Рамбо Амадеус и се обратил недолично, какво сексуално вознемирување доживеала и дали покрај УНИЦЕФ случајот го пријавила и во полиција, Лејла одговорила: „Во медиумите и на социјалните мрежи не сакам да се занимавам со детали и да го сведам, за мене, крајно трауматично и шокантно искуство на ниво на таблоиди. Институциите кои треба да знаат – го знаат текот на настаните „Станува збор за несоодветно и незаконско допирање на интимен дел…
Новиот студентски дом кој се гради за потребите на Универзитетот во Тетово се очекува да биде подготвен за прием на студенти идната академска година, соопшти Министерството за образование и наука. „Градежните работи се целосно завршени, а во моментов етапно се опремуваат собите и сите останати простории кои ќе им бидат на располагање на студентите што студираат или во иднина ќе одлучат да студираат на овој државен универзитет и ќе имаат потреба од сместување“, информира МОН. Увид во активностите изврши министерот за образование и наука Јетон Шаќири заедно со заменик-министерот Агим Нухиу, ректорот на универзитетот проф. д-р Куштрим Ахмети и претседателот…
Општина Центар и Францускиот институт – Скопје денеска во Музејот на македонската борба ќе организираат омаж за поетот и книжевен преведувач Ацо Шопов (1923-1982) по повод стогодишнината од неговото раѓање. Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, и амбасадорот на Франција во Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, свечено ќе ја отворат манифестацијата „100 години Ацо Шопов“ на која ќе се обратат истакнати македонски поети, професори и членови на семејството на поетот Шопов. Како што соопштија организаторите на настанот, со излагањата ќе се чествуваат животот, творештвото и преведувачка дејност на Ацо Шопов. Ученици од ООУ „Димитар Миладинов“ и студенти од Филолошки факултет „Блаже Конески“…
Германските борбени авиони стационирани во источното крило на НАТО од август минатата година интервенирале 27 пати откако биле предупредени за непознати авиони во балтичкиот регион, соопштија германските воздухопловни сили Луфтвафе. Портпарол за ДПА изјавил дека германските сили идентификувале руски воени авиони над Балтичкото Море. „Еурофајтер тајфуните“ на германскиот Луфтвафе се предупредуваат кога непознати авиони се приближуваат до воздушниот простор на Балтикот без сигнал од транспондер или радио контакт. Повеќе од 150 германски војници се стационирани во Естонија од август минатата година за да го заштитат воздушниот простор на источното крило на НАТО, откако од Франција ја презедоа мисијата на НАТО за воздушна полиција над регионот. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер утре…
Две лица се уапсени денеска во Скопје поради недозволена трговија со дрога, соопшти МВР. „Денеска (14.03.2023) во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при скопското СВР ги лишиле од слобода А.О.(23) од с. Грчец, скопско и В.К. од Гевгелија“, информираат од МВР. При претрес во домот во кој престојуваат во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 150 грама кокаин и дигитална вага. „Тие биле задржани во полициска станица и…
Десетици илјади млади лекари денеска го почнаа тридневниот штрајк ширум Велика Британија, што ќе предизвика општо нарушување во работата на државните болници и клиники. Младите лекари претставуваат 45 отсто од сите лекари во британската Национална здравствена служба (NHS). Кога тие штрајкуваат, тоа значи дека на илјадници пациенти ќе им бидат откажани прегледите и операциите. Британската медицинска асоцијација соопшти дека платите на помладите лекари се намалени за 26 отсто во реални услови од 2008 година, додека обемот на работа и листите на чекање на пациентите се на рекордно високо ниво. Тие велат дека заморот од прекумерната работа и британската криза со…
Како пријателска средба меѓу луѓе кои соработувале, во рамки на владата ја оцени премиерот Димитар Ковачевски средбата меѓу неговиот претходник Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. „Тоа е пријателска средба на луѓе кои соработувале како дел од Владата и нормално е луѓе кои се пријатели меѓу себе да имаат средби. Тоа е исто како што јас сум имал средби кога не сум бил премиер, како што имам средби сега додека сум премиер и како што ќе имам средби понатаму во мојата кариера“, изјави денеска Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на седница на Економско-социјалниот совет. Гаши викендов…