Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Средбата меѓу Гаши и Заев е пријателска, меѓу луѓе кои соработувале во рамки на Владата

0
By Ана Василевска on March 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 13, 2023 15:39

Како пријателска средба меѓу луѓе кои соработувале, во рамки на владата ја оцени премиерот Димитар Ковачевски средбата меѓу неговиот претходник Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

„Тоа е пријателска средба на луѓе кои соработувале како дел од Владата и нормално е луѓе кои се пријатели меѓу себе да имаат средби. Тоа е исто како што јас сум имал средби кога не сум бил премиер, како што имам средби сега додека сум премиер и како што ќе имам средби понатаму во мојата кариера“, изјави денеска Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на седница на Економско-социјалниот совет.

Гаши викендов со објава на Фејсбук ја потврди информацијата за неговата средба со поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ Зоран Заев.

„Како лидер на Алтернатива, имам мандат и должност да се среќавам со сите политички актери во земјата. Така сум работел досега и така ќе работам и во иднина. Следствено, нема ништо посебно и мистериозно во мојата средба со поранешниот премиер Зоран Заев. Јас го разбирам интересот на медиумите за оваа средба, но мислам дека вистинското прашање не е кој, каде и зашто се среќава, туку зошто, по чиј налог и од каков страв ме следат службите СДСМ-ДУИ“, наведе Гаши на неговиот Фејсбук статус.

Независниот пратеник и поранешен член на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејд, претходно на Фејсбук објави фотографија од средба на Заев и Гаши во Струмица.

Реџепи стана независен пратеник откако во јуни минатата година ја напушти пратеничката група на Алтернатива, партија што до скоро беше владин коалициски партнер на СДСМ.

Алтернатива ја напушти Владата, откако Алијансата за Албанците со реконструкцијата стана нов владин коалициски партнер.

Африм Гаши Димитар Ковачевски Зоран Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.