Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГЕРБ, партијата на Бојко Борисов оди на „хемиско чистење” за да и се овозможи да биде дел од новата влада

0
By Ана Василевска on March 14, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
фото: БГНЕС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 14, 2023 10:48

Пишува: Борјан Јовановски

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов на предизборен митинг во Плевен изјави дека се откажува од своите шанси да стане премиер.

Според последните анкети, 25-27 отсто од гласачите ја поддржуваат ГЕРБ – бројка слична на оние што ја поддржуваат проевропската коалиција на десниот центар меѓу „Продолжуваме со промените“ и Демократска Бугарија (ПП-ДБ).

Анализите покажуваат дека единствената опција за создавање стабилна влада е коалицијата меѓу ГЕРБ и ПП-ДБ, но политичкото наследство на Борисов останува најголемата пречка.

Со оглед на ваквиот распоред на силите изгледа се поочигледно дека партијата ГЕРБ е пратена на „хемиско чистење” за да и се овозможи да биде дел од владејачката коалиција по изборите на 2 април. Покрај високата поддршка од гласачите, ГЕРБ е пожелен во новата владина коалиција  и поради нивната прозападна ориентација што не е случај со многу други партии во Бугарија вклучително и социјалистите кои не можат да се ослободат од руските хипотеки. Сепак ГЕРБ е тешко прифатлив со Борисов и неговите пријатели вмешани во многу корупциски скандали.

Во меѓувреме се интензивираат објавите за корупциски скандали од времето на владата на Бојко Борисов. Кампањата на ГЕРБ претрпе сериозен удар поради санкциите наметнати од САД со „црните листи”

Меѓу санкционираните од САД за наводна корупција беше и долгогодишниот министер за финансии на Борисов, Владислав Горанов.

Во јуни 2021 Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) санкционираше тројца Бугари за корупција во Бугарија, како и нивните мрежи што опфаќаат 64 ентитети. Целта на оваа  акција се познатиот бугарски коцкарски олигарх Васил Божков, поранешниот пратеник и медиумски тајкун Дељан Пеевски и заменик-шефот на Националното биро за контрола на специјалните разузнавачки уреди , Илко Жељазков, сите познати како блиско опкружување на Борисов.

Деновиве Министерот за регионален развој Иван Шишков изврши тестови на два автопати во близина на Софија, кои покажаа дека недостасува една третина од асфалтот. Еден од овие автопати беше изграден со финансии на ЕУ, исплатени во 2016 година.

.

Бојко Борисов ГЕРБ Избори Бугарија корупциски скандали
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.