Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Големата зимска бура што ги зафати САД оваа недела може да предизвика во делови од државата најстуден Божик во изминатите четири децении, велат метеоролозите. Студениот бран кој се случува еднаш во генерација почна во вторникот во северозападниот дел на Пацификот, пред да се пресели на исток и да стане „циклонска бомба“ до петок. Повеќе од 90 милиони луѓе се предупредени за зимски временски неприлики во 37 држави. Околу 80 отсто од државата ќе доживее ниски температури, вклучително и на југ до Тексас. Арктичката екслозија која Ведр ченл ја нарече зимска бура Елиот, би можела да го донесе најстудениот Божиќ на…
Вкупно 75 отсто од Црногорците го поддржуваат членството на Црна Гора во ЕУ, додека 13 отсто се против, а 12 отсто немаат мислење за ова прашање, покажуваат резултатите од студијата на Центарот за демократија и човекови права (ЦЕДЕМ), цитирани од агенцијата МИНА. Според Андреа Мичановиќ од организацијата, доколку се одржи референдум за членство на Црна Гора во ЕУ, 85 отсто од граѓаните би гласале „за“, што покажува дека политичките превирања во земјата не се одразиле негативно на консензусот во кој правец треба да оди земјата. Центарот за демократија и човекови права вчера во Подгорица пред медиумите ги презентираше резултатите од…
Еден поглед врз целиот период од нашата независност до денес ќе покаже дека, за жал, во овие триесет и една година, не сме имале подолг период на мирен развој на државата, рече денеска претседателот на државата Стево Пендаровски во годишното обраќање во Парламентот. Пендаровски истакна дека мноштво фактори го лимитираа нашиот развој и ги исцрпуваа ресурсите на нацијата. „Од катастрофалните ефекти на приватизацијата, ембаргата и санкциите во 1990-тите, преку конфликтот во 2001-та, светската финансиска криза во 2008/2009-та, длабоката внатрешна политичка криза која заврши со упадот во Собранието и од која сѐ уште ги лечиме раните, и на крајот, пандемијата и…
И покрај војната во Украина и проблемите кои од тоа произлегоа, а со кои мораше да се справи чешкото претседателство со Европската Унија, чешкиот министер за европски прашања Микулас Бек оцени дека Чешка успеала во својот приоритет за постигнување напредок во проширувањето кон Западен Балкан, додека неуспех е влошената ситуација со илегалната миграција боз постигнување договор за реформа за одобрување азил. „Воведена е нова динамика во процесот на проширување на ЕУ. Уште пред нашето претседателство, Украина и Молдавија добија кандидатски статус и ова е сигнал за напредок. Успеавме Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус за време на нашето претседателство“,…
Академијата за филмски уметности и науки во вторникот ги објави своите потесни списоци за Оскарите за 2023 година во 10 категории, вклучувајќи документарен и интернационален филм, како и документарен краток , шминка и фризури, оригинална песна, оригинална песна, анимиран краток, звучни и визуелни ефекти. Селектирани за понатаму во 15 категории се филмовите од 92 земји и региони кои ги задоволуваа критериумите. Листата ги вклучува „Затвори“ (Белгија), „Одлука за заминување“ (Јужна Кореја), „Сите тивки на западниот фронт“ (Германија), „Бардо“ на Алехандро Г. Ињариту (Мексико) и „Џојланд“. Меѓународниот влез на Индија, Last Film Show, исто така се најде на таа листа, додека…
Сем Банкман-Фрид, поранешниот милијардер и основач на берзата за тргување со криптовалути „Еф-те-икс“ (FTX), синоќа од неговиот дом на Бахамите беше екстрадиран во САД, каде се соочува со низа кривични дела за финансиски измами, јави дописникот на МИА од Вашингтон. „Банкман-Фрид (30) е под надзор на Федералното биро за истраги (ФБИ) и патува назад во САД“, изјави Демијан Вилсон, обвинител за јужен дистрикт на Њујорк. Според него, обвинетиот ќе се појави пред судија „колку што е можно поскоро“. Радиото Ен-пи-ар јави дека Банкман-Фрид бил пријавен од двајца негови поранешни колеги и пријатели, Керолин Елисон и Гери Ванг, кои исто така се…
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во вечерашното гостување во емисија на Алсат Телевизија се осврна на ефектите и обемот на мерките кон граѓаните и компаниите. „Сите мерки што ги презедовме чинат 760 милиони евра и тоа не е се за плаќање на елелтрична енергија. Иако претходно не сме го збореле, вечерва ќе дадам еден податок што секој граѓанин треба да го знае. Средствата што ги даваме за регулираниот пазар на електрична енергија значи дека секој еден наш граѓанин добива 6.800 денари годишно субвенции за струја или секое едно домаќинство добива по 21.000 денари субвенции за струја за оваа година“…
Во контекст на најновите предизвици за Западен Балкан и што носи идната година, зборуваше Заменик-помошникот секретар на САД, Габриел Ескобар, во интервју за Атлантски совет, објавено на почетокот на декември. Во интервјуто стана збор и за неговите размислувања како трансатлантските партнери можат да му помогнат на регионот да се врати на вистинскиот пат. Ескобар, меѓу другото, ја посочи Северна Македонија за пример како се справи со поднесувањето на својата ЕУ кандидатура. „Би сакал да го видам процесот да се движи побрзо Европа кон Западен Балкан, поголемо учество во европската инфраструктура, можеби како набљудувачи, како кандидати, но дефинитивно ни треба…
Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Скопје, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, денска спровела координирана полициска операција за сузбивање на организирана криминална група инволвирана во вршење на кривични дела криумчарење мигранти, информираат од МВР. „Криминалистичката истрага над организираната 13-члена криминална група, која делувала на тeриторија на Република Северна Македонија, се спроведуваше од мај 2022 година до октомври 2022 година. Извршени се претреси…
Стиховите на Ацо Шопов беа оживеани со синоќа во Народниот театар Штип со несекојдневен сценски настан. Овој сценко-музички полифоничен колаж насловен како „Молитви на моето тело“ креиран според циклусот „Молитви на моето тело“ од збирката „Небиднина“ на Ацо Шопов, публиката со искрениот аплауз го воздигна на уште повисоко ниво аџилакот на молитвите на великиот поет од градот под Исарот. Искусните актери Рујиш Беговска и Суад Беговски Сухи заедно со младиот талентиран музичар Енес Беговски , движејќи се низ сопственото сценско патешествие, ја повлекоа и публиката да тргне по сопствено патешествие, секој сам за себе. „Додека сношти на сцена ги живеевме…
Фестивалите „Таксират“ и „Д Фестивал“ се во трка за престижните „Европски фестивалски награди“, најзначајното признание за музичките настани на стариот континент. Двата фестивала, како што информира нивниот организатор „Пасворд Продакшн“, се единствени од Македонија номинирани во две различни категории заедно со 45 други фестивали од 19 држави од Европа. Зимскиот „Таксират“ влегува во категоријата за „Најдобар фестивал во затоврен простор“, додека пак „Д Фестивал“ е номиниран за „Најдобар мал фестивал“ односно категоријата во која спаѓаат фестивалите со капацитет од 10 000 посетители дневно. По номинацијата, за изборот на победниците главниот збор го има милионската публика од целиот свет која веќе…
Откупот на тутун од реколтата 2022 година тече интензивно во сите 200 откупни пунктови, информираше министерот Љупчо Николовски. „Годинава тутунопроизводителите ги рушат рекордите и испишуваат историја на досега највисока просечна откупна цена од 285,9 денари за килограм, што претставува зголемување за повеќе од 40% во однос на минатогодишната.“, рече Николовски. Како што изјави, просечната цена на тутунот е од 40 до 50 проценти поголема од претходните години, или во споредба со 2014, 2015 година кога изнесуваше 117 денари. „Откупот на тутун од реколтата 2022 година тече интензивно во сите 200 откупни пунктови, кои се навремено отворени на целата територија. Најголем…