Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење мигранти, уапсен и полициски службеник

0
By Ана Василевска on December 21, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 21, 2022 11:59

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Скопје, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, денска спровела координирана полициска операција за сузбивање на организирана криминална група инволвирана во вршење на кривични дела криумчарење мигранти, информираат од МВР.

„Криминалистичката истрага над организираната 13-члена криминална група, која делувала на тeриторија на Република Северна Македонија, се спроведуваше од мај 2022 година до октомври 2022 година. Извршени се претреси кај 11 лица, во вкупно 11 објекти лоцирани на подрачје на Скопје, а лишени од слобода се девет лица (од кои еден е вработен како полициски службеник), по две лица се трага, додека две лица-членови на криминалната група веќе издржуваат мерка затвор во КПУ Скопје и КПУ Идризово, за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти“. При извршените претреси пронајдени и одземени се: мобилни телефонски апарати, СИМ картички, патнички моторни возила, пари, оружје (пиштол, пушка), уплатници од извршени уплати преку брз трансфер на пари итн.“, пишува во соопштението на МВР.

Според информациите од МВР, станува збор за организирана криминална група, со строга хиерархиска поставеност, која имала за цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, предводена од лицето А.Б. (29) од Скопје. Тој заедно со три лица организатори К.Н., А.Н. и Ќ.Н., со потекло од Блискиот Исток, а кои повремено престојувале на територија на Република Северна Македонија (во Кумановско-липковскиот регион), Р.Грција (Солун) и Р.Србија, организирале криумчарење на мигранти по потекло од Авганистан, Пакистан, Сирија и други земји од Блискиот и Далечниот исток.

Мигрантите биле илегално префрлани на територијата на Р.С.Македонија од Р.Грција, преку илегални премини на т.н.„зелена граница“ во околината на Гевгелија и Демир Капија, од каде потоа со помош на водичи т.н.„качаци“, координирано се доведувале на претходно утврдени и договорени локации. Од овие локации по насоки на организаторот на органзираната криминална група А.Б., членовите Е.Б.,  Р.Р., Х. И., М. И., Б.Х., Б.Ш., А.М. , А.Ф., ги преземале мигрантите, по што со патнички и товарни моторни возила ги превезувале до претходно договорените локации во Кумановско-липковскиот регион, за потоа да бидат натаму криумчарени преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ.  На ист начин криумчареле мигранти на територијата на Р.С.Македонија кои биле пренесувани од територијата на Р.Србија, преку илегални премини на т.н.„зелена граница“ во околината на кумановско-липковскиот регион кон подрачјето на Гевгелија, а биле по потекло од Индија, кои претходно веќе пристигнале и одреден временски период престојувале на територијата на Р.Србија. На организаторот на криминалната група А.Б., за криумчарење на мигрантите преку територијата на Р.С.Македонија му биле исплаќани пари  преку брз трансфер на пари „RIA“ и „WESTERN UNION“ како и „на рака“, а цената на транспорт по лице изнесувала од 600 до 800 евра.

ОСОСК до ОЈО за ГОКК, поднело кривична пријава против 13 лица и тоа против: А. Б. (29) за сторени кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 1, како и “Криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 4 вв став 2  од КЗ на Р.С.Македонија, Е.Б. (25), Б.Х. (26), Б.Ш. (24), А.Ф. (20)  и Б.А. (29) за сторени кривични дела: „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2, како и “Криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став  2 од КЗ на Р.С.Македонија, Р.Р. (18), Х.И. (18), М.И. (30), В.Ф. (39) за сторени кривични дела „Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2 како и “Криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став  4 вв став 2 од КЗ на Р.С.Македонија, А.М. (31) и И. С.  (31) за сторени кривични дела: „Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2, од КЗ на Р.С.Македонија, В.А. (25) за сторени кривични дела: „Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2, вв со член 24 „Помагање“ од КЗ на Р.С.Македонија.

криумчарење мигранти МВР Трговија со луѓе
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.