Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Разговарала: Ана Василевска Реформите во правосудството и пенитенцијарниот систем, измените во Изборниот законик, довербата на граѓаните во судството, предметите на СЈО беа дел од темите во интервјуто за НоваТВ со министерот за правда Никола Тупанчески. Тој открива дека утре ќе биде одржано првото судење во најголемата дигитална судница во земјата, сместена во Идризово. Според Тупанчески, постапката за транспарентно донесување на измените во Изборниот законик е спроведена но досега на поканата не одговориле од ВМРО-ДПМНЕ. Тој е уверен дека донесувањето на новата Стратегија за развој на правосудниот систем ќе ги постави темелите за градење на подобри капацитети за функционирање на…
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Предизвикувајте континуирани кризни состојби, преземајте активности за доведување на противникот во заблуда и постојано поткопувајте и ослабнувајте ги неговите позициии; Креирајте ситуации и наративи за да го доведете под сомневање интегритетот на лидерите што се ваша цел…, ова се само дел од препораките од „Прирачникот за офицери на советското разузнавање“ со озлогласените „посебни мерки“ (активные мероприятия) за агентите на КГБ од 60-тите години, што прочуениот Василиј Митрокин, пребеганиот дииректор на КГБ, во 1992 година им ги стави на увид на британското разузнавање, а потоа и на светот. 60 години подоцна препораките од прирачникот за агентите на КГБ си остануваат…
Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека Франција е „многу загрижена“ поради порастот на тензиите на северот на Косово и остро го осудува секое насилство на теренот. „Франција е многу загрижена за ситуацијата во северно Косово и најостро го осудува неприфатливиот напад врз мисијата ЕУЛЕКС на Косово и сите акти на насилство на теренот. Ги повикува страните да покажат најголема воздржаност и чувство на одговорност за намалување на тензиите“, се наведува во соопштението. Франција целосно го поддржува европското посредување, кое мора да постигне напредок во сеопфатниот, правно обврзувачки договор меѓу Србија и Косово и да напредува во изгледите на двете…
Враќање на сите кратења од изминатите десет години, реални зголемувања на пензиите, но и на платите, бесплатна здраврствена нега за сите, меѓу другото, бараат грчките пензионери кои денеска одржаа протест во Атина. Во разговор со дописничката на МИА од Атина, дел од пензионерите велат дека бараат да им се врати она што им било одземено во периодот на економската криза во земјата, но и дека сега, со новата криза и инфлацијата, не можат да си ги покријат сите трошоци за нормален и достоинствен живот. „Бараме реални зголемувања на пензиите, да ни ги дадат додатоците за Велигден и Божиќ, што ни…
Полицијата во Брисел денеска започна нова серија рации поврзани со корупцискиот скандал поради лобирањето на Катар во ЕУ, потврди белгискиот федерален обвинител. Поради корупцискиот скандал веќе е уапсена една висока пратеничка во Европскиот парламент, потпретседателката Ева Каили, но сега постои можност истрагата да се прошири и на други лица. Обвинителите потврдија дека досега претресле 19 резиденции и канцеларии, како и бројни пратенички кабинети. Уапсени се вкупно шест лица, а четворица се уште се наоѓаат во притвор. Во една хотелска соба во Брисел е запленет куфер полн со готовина во кој имало неколку стотици илјади евра, додека во една куќа биле…
За учество во изготвување на Изборниот законик бил испратен допис до политичките партии и заинтересираните страни, невладини организации и здруженија, но ВМРО ДПМНЕ сè уште нема одговорено на поканата, вели во интервјуто за НоваТВ, министерот за правда Никола Тупанчески. На прашањето до каде се реформите во изборниот Законик и изборниот систем и дали и на кој начин се вклучени релевантните граѓански организации во овие процеси, Тупанчески одговара: „Министерството за правда неодамна го отпочна процесот на формирање на работна група за подготовка на нов Изборен законик. Идејата е реформирање на изборното законодавство што ќе овозможи вградување на сите препораки од меѓународниот…
Пишува: МАРЈАН ЗАБРЧАНЕЦ Укинувањето или кратењето на новогодишното украсување во македонските градови и општини е целосно неодговорен чекор од која и да е локална власт. Да се штеди на новогодишните сијалички, украси и елки значи да им се ускрати радоста и празничната топлина и убавина на сите деца и сите граѓани од нашите општини. Тие што кратат на украсувањето на плоштадите и булеварите, на своите граѓани им носат мрак и темнина, наместо новогодишна светлина. Таквите потези ги прават граѓаните помалку среќни, а не се ниту популарни – не носат гласови. Тоа се потези направени од безидејност, од хир, од инат, од…
Првото судење во најголемата дигитална судница во државата, сместена во Идризово е предвидено да се одржи во среда на 14 декември. Ова во интервјуто за НоваТВ како одговор на прашањето за реформите на пенитенцијарниот систем, го потврди министерот за правда Никола Тупанчески. Објектот се простира на површина од 1089 м2 со капицитет за 120 лица. Станува збор за најголемата и најопремената судница во Република Северна Македонија со судска сала од 290 м2. „На 30 ноември 2022 година се стави во функција најголемата дигитална судница во државата во Идризово која е последниот од низата проекти кои ги реализираше Министерството за правда.…
(ВИДЕО) Интервју со Дарио Николовски: Зелената енергија е иднината и ние максимално вложуваме во неа
Владата изработи стратегија за развој на енергетиката до 2040 година согласно европскиот „зелен договор“ што налага производството на електрична енергија од обновливи извори да се зголемува. Според зборовите на директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски „Она што е нај актуелно периодов е завршната фаза на ветерниот парк Богословец во Св. Николе. Тоа е ветерен парк што треба до крајот на годината да се заврши со техничките процедури и се надевам дека од идната година ќе почне со работа“, вели тој во интервју за Фронтлајн. Станува збор за голем ветерен парк од осум турбини со моќност од 36 мегавати и…
„Она што сега треба да се фокусираме е спроведување на реформската агенда, брзо напредување во процесот и граѓаните да почнат да ги чувствуваат придобивките од преговорите со ЕУ. Од тука и мојата заложба и барање секој еден да биде вклучен во преговорите, што се национална задача за сите нас. Јавно да се дискутира, заеднички да се делува, за сите предности и слабости забележани во Извештајот побрзо се надминат“, изјави во обраќањето вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната панел дискусија за Кластерите 2 и 3 „Внатрешен пазар“ и „Конкурентност и инклузивен раст“ во рамки на серијалот „На европскиот пат:…
КОХА – Билд: Прашањето ќе се вжешти кога Косово ќе ја поднесе својата апликација до ЕУ „Поранешниот премиер на Шведска, Карл Билд изјави дека прашањето за северот ќе се вжешти откако Косово ќе поднесе барање за добивање статус на земја кандидат за Европската унија. Тој во неделата вечерта на Твитер напиша дека пред да се поднесе апликацијата, има договори кои мора да се почитуваат и дека „мора да се преземат тешки чекори“, пренесува КОХА. СЛОБОДНА ЕВРОПА – Српските училишта во северно Косово се затворија Основните и средните училишта во општините на северот на Косово нема да работат до дополнително известување, поради актуелната безбедносна…
Руското влијание на Балканот станува преголема опасност за Западот кој долго време го запоставува овој регион, се вели во најновата анализа на институтот ИФИМЕС, посветена на Самитот ЕУ-Западен Балкан. Во анализата се додава дека Русија во моментов е преокупирана со агресија врз Украина, а рускиот претседател Владимир Путин се спасува себеси и својата империја. Западен Балкан е во тек. „Путинците“ во регионот чекаат сигнал за акција. „Евентуален конфликт на Западен Балкан повеќе не би бил локален, туку европски и би ја вклучила ЕУ, бидејќи повеќе не постои монополарен свет (САД) како во 90-тите години на минатиот век, туку полицентричен и…