Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тупанчески за НоваТВ: ВМРО-ДПМНЕ не одговори на поканата за учество во изборните измени

0
By Ана Василевска on December 12, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Никола Тупанчевски
Никола Тупанчевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 12, 2022 16:10

За учество во изготвување на Изборниот законик бил испратен допис до политичките партии и заинтересираните страни, невладини организации и здруженија, но ВМРО ДПМНЕ сè уште нема одговорено на поканата, вели во интервјуто за НоваТВ, министерот за правда Никола Тупанчески.

На прашањето до каде се реформите во изборниот Законик и изборниот систем и  дали и на кој начин се вклучени релевантните граѓански организации во овие процеси, Тупанчески одговара:

„Министерството за правда неодамна го отпочна процесот на формирање на работна група за подготовка на нов Изборен законик. Идејата е реформирање на изборното законодавство што ќе овозможи вградување на сите препораки од меѓународниот фактор како што се ОБСЕ/ОДИХР , но и забелешките кои ги имаа  засегнатите страни. Испратен е допис до политичките партии и заинтересираните страни, невладини организации и здруженија за да земат учество во изготвувањето на Изборниот законик. За жал, ВМРО ДПМНЕ сеуште нема одговорено на поканата.“, вели Тупанчевски.

Според Тупанчевски, целта на оваа активност околу подготовката на нов Изборен законик е максимална транспарентност, инклузивност, и да бидат  имплементирани сите препораки, заклучоци кои што беа констатирани на последните избори.

„Едно од укажувањата на меѓународниот фактор беше дека најдобро ќе биде Изборниот законик да биде донесен 6 месеци пред избори. Тоа се правила на игра кои однапред треба да се почитуваат и да се знаат. Изборниот законик треба да биде донесен со консензус. Последните измени на Изборниот законик се направени во 2021 година и тие се однесуваа на биометриската идентификација. Како ќе изгледа новиот Изборен законик, моделот на политичкиот систем преку кој се избираат пратениците или претставниците на државата, ќе зависи од работната група, понудените решенија, идеи и аргументација.“, вели Тупанчески.

А.Василевска

Изборен законик изборни реформи Никола Тупанчески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.