Author: Biljana

Половина од вкупното население во САД е целосно вакцинирано против Ковид-19, изјави директорот за податоци на Белата куќа, др. Сајрус Шахпар. Како што пренесе „Си-Ен-Ен“, Шахпар во твит објавил дека за еден ден биле администрирани повеќе од 821.000 дози, а дека 555.000 луѓе ја примиле првата доза од вакцината против Ковид-19.

Read More

Кандидатот за премиер на партијата „Има таков народ“, Пламен Николов точно пред 17 часот, пред истекот од рокот, до претседателот Румен Радев го достави предлогот за состав на нова бугарска влада, објави БГНЕС. „Знам од искуство колку е тешко да се формира кабинет, да се изберат луѓе кои можат да се соберат во ефективен тим. Се надевам дека ќе продолжите да водите отворен и конструктивен дијалог со другите партии“, му рече претседателот Радев на Пламен Николов. За министер за внатрешни работи, се предлага да биде и вицепремиер за безбедност и внатрешен ред, беше предложен младиот адвокат Петар Илиев, за кого…

Read More

Германија ќе основа фонд од над 10 милијарди евра за обновување на штетите во подрачјата во западниот дел од земјата, кои минатиот месец беа погодени од големи поплави, пишува денеска весникот „Шпигл“, повикувајќи се на извори од германското Министерство за финансии. Федералната Влада и 16 германски сојузни покраини ќе дадат еднакви придонеси во тој фонд, наведува весникот. Повеќе од 180 луѓе загинаа во Германија, а десетици луѓе се уште се водат како исчезнати по поројните дождови кои предизвикаа поплави во покраините Рајнска област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија од 14 до 15 јули.

Read More

Сe уште нема доволно податоци за да се препорача употреба на третата, засилувачка доза, соопшти денеска Европската агенција за храна и лекови (ЕМА), откако некои земји од ЕУ наведоа дека ќе почнат да ја даваат трета доза вакцини против Ковид-19 на најранливиот дел од населението во септември. ЕМА кон средината на јули соопшти дека се потребни повеќе податоци пред да се даде препорака за зголемена доза, но најголемите земји од ЕУ како Германија и Франција продолжуваат со плановите да дадат засилувачка доза во секој случај „Прерано е да се потврди кога ќе биде потребна засилувачка доза на вакцина против Ковид-19,…

Read More

Првиот Вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби попладнево го посети кумановскиот регион за да ја следи ситуацијата со пожарите. „Правиме максимални напори да им помогнеме на граѓаните, пожарникарите, војниците и полицијата на сите места каде што има активни пожари. Заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска бевме во Довезенце, Кумановско и бевме сведоци на надчовечките напори на жителите и пожарникарите да го изгаснат пожарот. Претходно, на денешните две седници на Владата, донесовме важни одлуки за управување со ситуацијата со овие катастрофи, вклучително и прогласување кризна состојба. Максималните капацитети на…

Read More

Македонскиот олимписки состав утре рано наутро ќе го има својот последен претставник на Игрите во Токио во борачот Магомедгаџи Нуров, кој ќе настапи во категоријата 97 килограми слободен стил. Нуров допатува во Токио со обезбедена олимписка норма, а негов прв противник во квалификациите ќе биде Тунижанецот Мохамед Садуи. Доколку го совлада Садуи, македонскиот борач во четвртфиналето ќе се бори со победникот од дуелот меѓу Александар Хуштин од Белорусија и Кубанецот Раинерис Перез Салас, а во полуфиналето потенцијален противник може да му биде „рускиот тенк“ и најголем фаворит за златниот медал Абдулрашид Садулаев, кој ќе се бори со Шариф Шарифов од…

Read More

Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона ја шокираше вечерва фудбалската јавност потврдувајќи дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси (34) заминува од каталонскиот гигант во кој ја мина целата своја клупска кариера. Иако неодамна Барселона и капитенот Меси начелно се согласија за продолжување на соработката, нов договор не е потпишан поради, како што е соопштено, „економски и структурни пречки“. „Двете страни искрено жалат што на крајот беше невозможно да се усогласат желбите на фудбалерот и на клубот“, соопшти Барселона. Меси во Барселона дојде на 13-годишна возраст и дебитираше за првиот тим во 2004 година. Во дресот на каталонскиот клуб…

Read More

Полицијата од СВР Битола-ОВР Ресен го лиши од слобода К.С. од ресенското село Лева Река осомничен дека го предизвикал пожарот во тоа село во кој беше опожарена нискостеблеста шума. Министерството за внатрешни работи информира дека во 17.40 часот пожарот е ставен под контрола, а К.С. е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот. Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Полициско одделение Галате го лишија од слобода и Л.А. (32) од Албанија, со илегален престој во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране. „Полицијата во координација со Јавен обвинител постапува…

Read More

Владата на Република Северна Македонија на денешната 96-та седница, одржана преку видеоконференциска врска, на барање на Дирекцијата за заштита и спасување, донесе Одлука за отстапување нафтени деривати од стоковните резерви без надомест, од Агенцијата за стоковни резерви. Со одлуката е задолжена Агенцијата за стоковни резерви да отстапи 5.000 литри Еуродизел од стоковните резерви за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, без надомест, заради справување со појавата на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, за противпожарните возила. Согласно Одлуката за постоење кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија и справување со непредвидливите последици…

Read More

Претседателот на Кина, Си Џинпинг денска изјави дека Пекинг ќе се обиде годинава да достави две милијади дози вакцини против Ковид-19 во светот и оти ќе подари 100 милиони дози за најсиромашните држави. „Кина во текот на годината ќе се стреми да го обезбеди светот со две милијарди дози вакцини против коронавирусот“, истакна Си на видео конференцијата за соработка во областа на вакцинацијата. Кина исто така вети донација од 100 милиони долари за механизмот КОВАКС. Минатата недела кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Кина од почетокот на годината доставила над 700 милиони дози вакцини против Ковид-19.

Read More

Пожарот од Пехчево се наближува до Бугарија, јавува бугарската агенција БГНЕС. Пишуваат дека огнот е на два километри од границата, а чадот се чувствувал до градовите Благоевград, Симитли, па дури и до Сандански. Од општината Симитли, излегле со соопштение до жителите на високопланинските села да бидат внимателни и да се обидат да се симнат во градот. Во меѓувреме бугарскиот службен премиер Стефан Јанев изјави дека ако состојбата со пожарите продолжува да се влошува во Бугарија ќе побараат помош со авиони од други земји. Тој прецизираше дека во моментов државата има само еден хеликоптер за гаснење пожари.

Read More

Синот на поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација Михаел Балак (44), 18-годишниот Емилио, загина во сообраќајна несреќа, возејќи квадроцикл во близина на Лисабон. Причината за несреќата сè уште не е позната, а португалските медиуми јавија дека синот на Балак го загубил животот во два часот наутро возејќи квад во туристичкото место Троија, јужно од Лисабон, во близина на семејната куќа. Семејството Балак веќе некое време поседува викендица во близина на Лисабон, а по несреќата експресно реагираа брзата помош и пожарникарите, но не успеаја да го спречат трагичниот исход, објави „Мирор“. Фудбалскиот клуб Челси, чиј член беше Михаел во текот на…

Read More