Половина од вкупното население во САД е целосно вакцинирано против Ковид-19, изјави директорот за податоци на Белата куќа, др. Сајрус Шахпар.

Како што пренесе „Си-Ен-Ен“, Шахпар во твит објавил дека за еден ден биле администрирани повеќе од 821.000 дози, а дека 555.000 луѓе ја примиле првата доза од вакцината против Ковид-19.