Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Има таков народ“ го достави предлогот за состав на нова Влада во Бугарија

0
By Biljana on August 6, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 6, 2021 18:18

Кандидатот за премиер на партијата „Има таков народ“, Пламен Николов точно пред 17 часот, пред истекот од рокот, до претседателот Румен Радев го достави предлогот за состав на нова бугарска влада, објави БГНЕС.

„Знам од искуство колку е тешко да се формира кабинет, да се изберат луѓе кои можат да се соберат во ефективен тим. Се надевам дека ќе продолжите да водите отворен и конструктивен дијалог со другите партии“, му рече претседателот Радев на Пламен Николов.

За министер за внатрешни работи, се предлага да биде и вицепремиер за безбедност и внатрешен ред, беше предложен младиот адвокат Петар Илиев, за кого критичарите во Бугарија коментираа околу неговата блискост со бугарските социјалисти од БСП, еден од можните партнери во идната влада на ИТН, но и за неговиот статус како почесен конзул на Барбадос, земја која до неодамна беше и на црната листа на ЕУ. Се спори и неговиот докторат дека има елементи на плагијат, објави 360 стапени.

Другото име од предлогот на ИТН за кое забелешки имаше „Демократска Бугарија“, потенцијален партнер на ИТН, е Момчил Иванов, кој беше предложен за министер за правда. Тој јавно влезе во конфронтација со „Демократска Бугарија“, но од утрово не е на списокот министри. Се повлече самиот, а на негово место ИТН го предложи Иво Атанасов.

Бугарските медиуми пишуваат и дека сè уште не е познат точниот број на вицепремиери што би ги имала идната бугарска влада. Освен споменатиот Илиев, за вицепремиерска функција е номиниран и Ради Најденов, кој е кандидат за министер за надворешни работи. Тој би бил вицепремиер за европски прашања.

Гласањето во бугарскиот парламент за предложената влада од ИТН се очекува да се случи наредната недела. За да биде изгласана влада потребни се 121 глас од вкупниот број пратеници кој изнесува 240. Доколку не биде изгласана владата што ја предлага ИТН, тогаш претседателот Радев ќе треба да го даде мандатот на следната партија по бројот на пратенички мандати, во случајот ГЕРБ Бојко Борисов, но тој веќе најави дека нема ниту да се обиде да формира влада и веднаш ќе го врати мандатот.

Бугарија Бугарска Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.