Author: Biljana

Поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој претходно се наоѓаше на „црната листа“ на САД, поднесе тужба до парискиот суд против американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Блинкен на почетокот на оваа година објави дека САД им забраниле на Бериша и неговото семејство влез во таа земја, наведувајќи го фактот дека САД официјално ги сметаат поранешниот албански премиер и неговото семејство за корумпирани. Бериша денеска изјави дека тужбата е поднесена во негово име од адвокат кој го ангажирал откако Блинкен одлучил да го прогласи за персона нон грата, а по дезинформациите на Сорос, пренесува приштинскиот весник Коха. Како што истакна Бериша, неговиот…

Read More

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги ги отфрла манипулативните изјави на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во однос на формирање на цената на нафтените деривати. Во демантот од Регулаторна велат дека РКЕ работи согласно законите. Цената на нафтените деривати се формира согласно методологија што се базира на берзански цени и во нив се вкалкулира и акцизата која е утврдена согласно Законот што го носат пратениците во Собранието. „Апелираме почитуваниот Мицкоски да се воздржи од етикетирање на работата на РКЕ, институција која трета година по ред поради професионалноста и стручноста е препознаена од Енергетска заедница за број еден регулатор…

Read More

Олимпискиот домаќин Токио потврди над 5.000 новозаразени со коронавирус поради брзото ширење на делта мутацијата, а експертите стравуваат дека здравствениот систем би можел наскоро да доживее колапс. Новозаразените 5.042 лица претставуваате нов рекорд за јапонскиот главен град. Научниците стравуваат дека дневниот број на заразени може двојно да се зголеми во следните две недели. Во болниците се примаат само сериозно заболени. „Делта варијантата е многу силен непријател“, изјави гувернерот на Токио, Јурико Коике. Владата размислува да воведе полициски час за да го спречи ширењето на инфекцијата. На граѓаните им се советува да останат дома. Во Токио е воведена вонредна состојба, која…

Read More

Советот на општина Гази Баба го усвои новиот ребаланс на буџетот за 2021 година. Буџетот се дополнува за нови 146 милиони денари или вкупно 371 милион денари со претходниот ребаланс. Новите средства во буџетот се наменети за подобрување на инфраструктурата во општината. Градење на водоводни и канализациони системи, и реконструкција на улиците. Обезбедени се средства за продолжување на веќе започнатите капитални проекти за изградба на фекална канализација во Јурумлери, Смилковци, Гоце Делчев, Трубарево ,Црешево и фекалната мрежа во Попово Маало и Страчинци. Како и асфалтирање на улиците каде градежните активности се завршени. Обезбедени се средства за реконструкција на улиците Палмиро…

Read More

Управувачкиот комитет на седница која ја одржа предмалку го прифати предлогот на Групата за процена и предлага на Владата да донесе одлука за постоење на кризна состојба на целата територија на државата во траење од 30 дена, напиша на својот Фејсбук профил раководителот на група за процена и директор на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. „Групата за процена, составена од директорите на ЦУК, ДЗС, АНБ, БЈБ, Агенција за разузнавање, заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, раководителот на службата за воена безбедност и разузнавање, замениците директори на ЦУК и ДЗС, и советникот за национална безбедност од кабинетот на…

Read More

Владата одлучи да додели парична награда од по 10.000 денари за вкупно 300 лица од кои дел пожарникари, а дел останати граѓани кои помогнаа во гаснењето на шумските пожари, кои ја зафатија територијата на државата. Како што соопшти владината прес-служба, одлуката за одобрување средства од резервите на Буџетот за 2021 е донесена на денешната владина седница, на предлог на Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој. Листата на граѓани кои ќе ја добијат наградата ќе биде утврдена во соработка со општините, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. На денешната седница, која се одржа преку видеоконференциска…

Read More

Грчките власти наложија нова евакуација на жителите во селата во северниот дел на островот Евија, кои се опкружени со големи пожари, а од вчера се повредени тројца пожарникари. Според најновата наредба, жителите и туристите во Кулурос, Марулија, Ровиес и Палаиохори мора да ги напуштат своите домови како мерка на претпазливост на вториот по големина грчки остров, пренесува „Катимерини“. Пожарникари, авиони за гаснење пожари, општински екипи и волонтери се обидуваат да го локализираат огнот кој избувна вчера во шумата кај селото Лимни и се чинеше дека има подобрување во гаснењето на пожарот, се додека промената на правецот на ветрот повторно го…

Read More

Светската здравствена организација повика на мораториум за воведување на дополнителни дози на вакцините против Ковид-19 до крајот на септември. „Додека стотици милиони луѓе се уште ја чекаат својата прва доза од вакцините против Ковид 19, некои богати земји се насочени кон зголемени дози“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус додавајќи дека досега се администрирани повеќе од 4 милијарди дози вакцини на глобално ниво. Повеќе од 80% отишле во земји со висок и висок среден приход, иако тие сочинуваат помалку од половина од светската популација. Германија, Обединетото Кралство и Израел ги објавија плановите да обезбедат дополнителни дози од вакцините…

Read More

Поддршка за земјоделството преку бројни активности, како што се исплати, јавни повици и мерки кои имаат за цел – финансиска поддршка и достоинствен живот за секој земјоделец, информираат од СДСМ. „Во моментот актуелен е јавниот повик за популарната мерка млад земјоделец, преку која Владата предводена од СДСМ за 4 години додели над 500 договори за неповратен грант од 10.000 евра. Течат роковите и за мерка 7 од ИПАРД програмата, каде на располагање се 13.5 милиони евра за поддршка на земјоделците, занаетчиите, претприемачите и туристичкиот сектор во руралните средини. Во деновите пред нас продолжува исплатата на субвенциите. Досега се исплатени близу…

Read More

Околу илјада луѓе се „активно обработувани“ за време и по антивладините протести минатото лето, и засега на 140 од нив им се знаат имињата. Ова се првите податоци што ги доби бугарската Комисијата за истрага за полициско насилство и прислушување на политичари и демонстранти, изјави пратеникот Николај Хаџигенов од „Стани. БГ! Доаѓаме!“ на првиот состанок на привремената Комисија. Состанокот по неколку минути беше затворен за медиумите поради доверливи материјали. Хаџигенов по завршувањето на Комисијата, истакна дека специјализираниот Кривичен суд и Обвинителството ја саботирале работата на Комисијата бидејќи не испраќале материјали со образложение дека се работи за истражна тајна. Според него,…

Read More

Процесот на дигитализација беше главна тема на денешната средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, постојаниот координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија, Росана Дуџак и раководителот на Канцеларијата на ITU (International  Telecommunication Union) за Европа, Јарослав Пондер. На состанокот, министерот Шаќири ги презентираше бројните активности на Владата на Република Северна Македонија за забрзана дигитализација. Меѓу активностите е и Националната Стратегија за ИКТ 2021-2025, која што речиси два месеца е објавена на ЕНЕР заради добивање коментари од сите засегнати страни, а по интегрирање на забелешките ќе биде усвоена од Владата. Министерот ги истакна столбовите за Инфраструктура,…

Read More

Грчкиот заменик министер за цивилна заштита Никос Хардаљас изјави дека во изминатото деноноќие избувнале 41 нов пожар во Грција, уништени се десетици домови и автомобили, оштетени се стотици хектари шума и земјоделско земјиште. „Од синоќа во Грција избувнаа 41 нов пожар. Ситуацијата на местото на големиот пожар во северното атинско предградие Варибоби е значително подобрена, но пожарникарите продолжуваат да работат на локализирање на огнот. Остануваат одделни пожари, но без сериозни проблеми“, истакна Хардаљас. Според првичните проценки, како што наведе грчкиот заменик министер, 1.250 хектари шума и земјоделско земјиште се уништени од пожарот во Варибоби, 76 станбени и 27 деловни објекти…

Read More