Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Стивен Хармон (34) од Калифорнија, човекот кој преку социјалните мрежи се потсмеваше на антиковид вакцините почина по едномесечна борба со коронавирусот. Тој се лекувал од пневмонија и Ковид-19 во болница пред Лос Анџелес, каде починал во средата. Хармон беше член на црквата Хилсонг, беше гласен противник на вакцините, правејќи низа шеги на сметка на имунизацијата против Ковид-19. Тој во јуни на Твитер објави пост во кој вели дека добил многу проблеми, но ниту една вакцина. „Добив 99 проблеми, но ниту една вакцина“, твитна 34-годишникот на своите 7.000 следбеници. Во деновите пред неговата смрт, Хармон ја документираше својата борба да остане…
Победничката партија на последните парламентарни избори во Бугарија „Има таков народ“ денеска ќе одржи консултации и со Движењето за права и слободи (ДПС). Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова е последна од планираните средби на највисоко ниво меѓу партијата на ТВ-водителот Слави Трифонов и пратеничките групи, без ГЕРБ-СДС, во рамките на 46-то Национално собрание на Бугарија. „Има таков народ“ побара разговори со Движењето за права и слободи во обид да се обезбеди најшироко можно парламентарно мнозинство за нивните идни политики. Како што додава дописникот на МИА од Софија, денешната средба е оптоварена со најмногу очекувања и предизвикува…
„Освен што ќе се подобри квалитетно патното поврзување меѓу овие два града, ќе добиеме современа патна инфраструктура која ги поврзува двата најзначајни туристички центри во земјата – Охридскиот и Преспанскиот. Со тоа на туристите ќе им се овозможат соодветни современи услови за патување и за посета на туристичките капацитети на двете страни од националниот парк „Галичица“, потенцираше претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев на организираниот настан по повод почетокот на работите на реконструкцијата на регионалниот пат Ресен-Охрид, на делницата од Отешево до приклучувањето на патот Охрид – Св. Наум преку националниот парк „Галичица“. Премиерот Заев истакна дека на…
Ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими изјави дека на неговата земја веќе не и требаат американските трупи за да се борат против таканаречената Исламска држава, но формалната временска рамка за нивно прегрупирање ќе зависи од претстојните разговори со американските власти, на почетокот на следната недела. Ал-Кадими за американските медиуми кажа дека Ирак ќе продолжи да бара помош од САД за обука и воено-разузнавачки податоци. Ирачкиот премиер утре ќе замине за Вашингтон, каде треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, со кого ќе ја предводи четвртата рунда стратешки преговори, јавуваат американските медиуми. „Нема потреба од никакви странски трупи на ирачко тло“,…
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска е вклучена во иницијативата на водечкиот глобален информативен сервис за централно банкарство и финансии, „Централ бенкинг“, за промовирање на рамноправноста, различноста и инклузијата. „Централ бенкинг“ објави авторски текст на гувернерката, во кој се наведува дека родовите, етничките и културните разлики се голема придобивка за институционалната култура, како и во креирањето и спроведувањето на политиките. „Сѐ повеќе податоци укажуваат на тоа дека различноста, наследена – како расата и полот, или стекната – како искуството и културната позадина, се поврзани со деловниот успех, бидејќи носат хетерогеност на вредности, верувања и ставови. Хетерогените тимови можат да доведат…
Десет патници загинале, а триесетина се тешко повредени, откако автобус со косовски регистарски ознаки утрово во 6.20 часот излетал од автопатот кај Славoнски брод во Хрватска. Повредените патници, биле итно пренесени во болницата во Славонски брод. Несреќата се случила во близина на наплатната рампа кај Славoнски брод. Автобусот сообраќал на редовната линија помеѓу германскиот град Франкфурт и главниот град на Косово, Приштина. Како што јавија хрватските медиуми, тела од починатите се уште лежеле покрај автопатот, а Во тек е увидот на полицијата по што ќе се знае причината за оваа тешка сообраќајка. На местото на несреќата пристигнале и хрватскиот министер…
Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две локации за легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично. Двете локации се потпорниот ѕид на улица Војвода Васил Чакаларов (Адолф Циборовски) по Реплек, како и ѕидовите од двете страни на булевар Гоце Делчев под поранешна Стоковна куќа МОСТ, денес Универзитет на Југоисточна Европа. Легалните ѕидови ќе бидат означени со табли со кои се потврдува слободата и безбедноста за нивно користење за креативен израз од страна на уличните уметници. Легалните…
Белгија повторно беше погодена од силно невреме што предизвика штети, само десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица, јавија утринава западните агенции. Поплавата во градот Динанту носеше возила, блокирајќи го железничкиот премин, јавија белгиските медиуми, повикувајќи се на железничката компанија Инфрабел. Железничкиот сообраќај на почетокот на месецов беше блокиран токму поради поплавите. Поплави има и во градот Намур, јави мрежата РТБФ. Во овој главен град на Валонија, еден ѕид се урна врз тротоар во близина на казино, и неколку куќи мораа да бидат евакуирани. Невремето погоди и други градови низ Белгија, јави агенцијата Белга. Свлечишта се регистрирани во…
„Законското решение кое ќе го изготви ВМРО-ДПМНЕ и ќе го поднесе до Собранието ќе ја легализира трговијата со криптовалути и нивното чување. Легализацијата на трговијата со криптовалути ќе биде од бенефит и за граѓаните и за правниот промет кон странство“, информираат од опозициската партија. Според нив, граѓаните кои што ќе тргуваат ќе бидат ослободени за тргување со истите од ДДВ, а инвеститорите од данок на доход и данок на добивка најмалку до крајот на 2023 година. „Со формализирање на трговијата ќе им се овозможи на нашите граѓани кои тргуваат со круптовалути да можат да ги разменуваат за пари во Македонија,…
Македонската џудистка Арбреша Реџепи издржа само една минута во своето деби на Олимписките игри. Таа утринава во категоријата до 52 килограми загуби (11:0) од Челси Џил од Велика Британија со ипон во првата рунда. Од осумте македонски натпреварувачи на Олимпијадата во Токио, своите настапи покрај Реџепи ги завршија уште и Борјан Бранковски кој вчера беше 21-ви во квалификациите во стрелаштво – воздушен пиштол 10 метри, како и пливачот Филип Деркоски кој заврши на последното место во квалификациите на 400 метри слободно. Следен Македонец кој ќе се појави на борилиштата во Токио е Георгиевски Дејан, (таеквондо) во категоријата +80 кгр. Неговиот…
Музичката програма на годинaшното 61-во издание на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на српското дуо Владимир Марковиќ на виолина во пијано придружба на Јулијана Шуловиќ. Владимир Марковиќ започнува да учи музика во родната Приштина, а продолжува во училиштето за таленти во Ќуприја. На само 14 години станува студент на Академијата во Нови Сад во класата на Павел Верников, а потоа го завршува образованието на Државиот музички колеџ „Чајковски“ во Москва ( кај проф. М. Глезарова) и на Московскиот конзерваториум (проф. С. Кравченко). Магистерската титула ја добива на Универзитетот на Источно Сараево во Босна и Херцеговина (проф. И. Јашвили), а…
Демонстранти синоќа излегоа на улиците во повеќе бразилски градови барајќи повлекување на претседателот Жаир Болсонаро, чија популарност во последните неколку недели драстично се намали поради корупцискиот скандал во чија заднина е пандемијата на коронавирусот, пренесоа британските медиуми. Болсонаро во повеќе наврати ги негираше обвинувањата за корупција, изјавувајќи дека нема докази за тоа. Бразилското Министерство за одбрана изминатава недела ги известило водечките луѓе на Конгресот дека изборите следната година нема да се одржат без измени и дополнувања на системот за електронско гласање во земјата, за да постои трага за секој употребен глас. Болсонаро следната недела се соочува со избори, во трка…