Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

34-годишен маж од Калифорнија кој ги исмејуваше вакцините почина од Ковид-19

0
By Biljana on July 25, 2021 СВЕТ
Фото: CBC
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 25, 2021 10:47

Стивен Хармон (34) од Калифорнија, човекот кој преку социјалните мрежи се потсмеваше на антиковид вакцините почина по едномесечна борба со коронавирусот. Тој се лекувал од пневмонија и Ковид-19 во болница пред Лос Анџелес, каде починал во средата.

Хармон беше член на црквата Хилсонг, беше гласен противник на вакцините, правејќи низа шеги на сметка на имунизацијата против Ковид-19. Тој во јуни на Твитер објави пост во кој вели дека добил многу проблеми, но ниту една вакцина.

„Добив 99 проблеми, но ниту една вакцина“, твитна 34-годишникот на своите 7.000 следбеници.

Во деновите пред неговата смрт, Хармон ја документираше својата борба да остане жив, објавувајќи фотографии од неговиот болнички кревет.

„Молете се сите, тие навистина сакаат да ме интубираат и да ме стават на респиратор“, пишал тој.

Во својот последен твит тој сепак открил дека бил подготвен да биде интубиран.

„Не знам кога ќе се разбудам, молете се за мене“, напиша тој.

И покрај тешката борба со вирусот, Хармон сепак одбил да прими вакцина, велејќи дека неговата вера ќе го заштити.

Пред да почине, тој се шегувал со пандемијата и вакцините, споделувајќи смешни видео инсерти во кои се вели дека повеќе и верува на Библијата отколку на врвниот американски експерт за болести, д-р Ентони Фаучи.

Основачот на Хилсонг, Брајан Хјустон, во четвртокот преку твит ја потврди веста за смртта на Стивен Хармон.

“Бен штотуку ни ја пренесе поразителната вест дека нашиот сакан пријател, Стивен Хармон почина од Ковид”, рече Хјустон.

антиваксер Калифорнија Ковид-19
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.