Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

После 50 години се обновува патот во националниот парк „Галичица“

0
By Biljana on July 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 25, 2021 10:13

„Освен што ќе се подобри квалитетно патното поврзување меѓу овие два града, ќе добиеме современа патна инфраструктура која ги поврзува двата најзначајни туристички центри во земјата – Охридскиот и Преспанскиот. Со тоа на туристите ќе им се овозможат соодветни современи услови за патување и за посета на туристичките капацитети на двете страни од националниот парк „Галичица“, потенцираше претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев на организираниот настан по повод почетокот на работите на реконструкцијата на регионалниот пат Ресен-Охрид, на делницата од Отешево до приклучувањето на патот Охрид – Св. Наум преку националниот парк „Галичица“.

Премиерот Заев истакна дека на целата територија на Северна Македонија во тек се интензивни градежни работи на автопатните решенија и на експресните делници, на реконструкција на голем број магистрални и регионални патни правци.

„Со рехабилитацијата на патот преку Галичица, туристите и рекреативците ќе добијат лесен пристап до убавините и потенцијалите на питомите предели на планината за активности како што се планинарењето, планинскиот велосипедизам, параглајдерството и другите рекреативни активности и адреналински спортови“, рече премиерот Заев.

Првата фаза е делницата на патниот правец од Царина Отешево до превојот на Галичица во должина од 14,9 километри. Вредноста на инвестицијата на оваа делница изнесува 60 милион денари, по што ќе продолжи и реализацијата на втората фаза од превојот на Галичица до приклучувањето на патниот правец Охрид – Свети Наум во должина од 15 километри за што се предвидени уште 60 милиони денари.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во својата изјава го издвои фокусот на Владата на унапредување на патната мрежа како предуслов за економски развој на градовите, посебно во места каде туризмот има огромно влијание, како што тоа е случајот со Ресен.

„Денеска сме присутни на овој регионален пат кој води од Преспа преку Галицича до Охрид, а кој претставува една туристичка атракција за сите домашни и странски туристи кои поминуваат низ овој Преспанско-охридски Регион. Веруваме дека со оваа инвестиција ќе привлечеме нови странски и домашни туристи кои ќе ги посетат овие прекрасни пејсажи и туристички понуди што ги нуди нашата земја и овој регион“, истакна министерот Бочварски.

Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски потсети дека овој патен правец, кој се обновува после повеќе од 50 години и дека неговата ревитализацијата е од огромно значење за Преспанскиот Регион и е причина плус, туристите да ја посетат Преспа и националниот парк „Галичица“ и преку целата година да уживаат во недопрената природа.

благој бочварски Галичица Зоран Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.