Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Платежната агенција денеска соопшти дека од понеделник почнуваат ИПАРД инфо деновите посветени на мерката 7: „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“. Предвидено е ИПАРД инфо деновите да се одржат во поголем број населени места, а првите се планирани за 26 јули во Кочани и Берово. „Сите заинтертесирани земјоделци, физички и правни лица, микро и мали претпријатијa, како и задруги, од Кочани ќе може да дојдат во 11 часот во Мултикултурниот центар во Кочани, за да се информираат околу деталите и можностите што ги нуди оваа мерка. Веќе од 14 часот караванот посветен на публицитет на ИПАРД програмата се…
„Тоа што е уништено со децении наназад, а посебно во последните 11 години од владеењето на ВМРО –ДПМНЕ, со целото мегаломанство и целата негрижа, навистина е мал периодот за да се врати се во нормала“, рече премиерот Зоран Заев од Охрид коментирајќи ја одлуката на Националната комисија на УНЕСКО да дадат рок од дополнителни две години на Северна Македонија и на Албанија за постапување по препораките и да се избегне поместување на Охридскиот регион на листата Светски културни и природни богатства во опасност. „ Одлуката ни беше најавена, и мене и на градоначалниците на Охрид и на Струга, а тоа…
На вториот ден од неформалниот состанок, денеска во Брдо крај Крањ, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров оствари повеќе засебни средби со министрите за европски прашања и надворешни работи на земјите-членки во ЕУ како претставници во Советот за општи прашања на кој се дискутира и одлучува по однос на политиката на проширување. Средбата со францускиот министер задолжен за европски прашања Клеман Бон претставува силна афирмација на француската поддршка за отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ и валозирање на постигнатите резултати со кои земјата ги исполни предвидените услови. На средбата со министерот за надворешни…
Министерството за здравство ја информира јавноста дека од понеделник граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина за Ковид 19, може да закажат вакцинирање во домашни услови. Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а истото може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација. Во продолжение ви ги испраќаме контактите каде може да се закаже вакцинација со домашна посета: Здравствен дом Берово – 077 865 827 закажување од 12 до 14 часот; Здравствен Дом Битола – 075 263 886 закажување од 17 до 18 часот;…
Спасувачките екипи во Индија се обидуваат да стигнат до десетици куќи уништени во поплавите предизвикани од монсунски дождови, кои предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави, во кои загинаа 125 лица. Државата Махараштра е најтешко погодена од најновото невреме. Ова се најобилните дождови во јули во последните неколку децении, велат научниците. Тие траеја неколку дена и погодија стотици илјади луѓе, додека постои опасност големите реки да се излеат од нивните корита. Во Талије, на околу 180 километри југоисточно од финансискиот центар Мумбај, бројот на загинати се искачи на 42, а уште четири тела беа најдени откако повеќето куќи во селото исчезнаа…
Партијата „Има таков народ“, откако во петокот одржа едночасовен состанок со „Демократска Бугарија“, упати покана за консултации за време на викендот до сите други парламентарни партии, освен партијата ГЕРБ на Бојко Борисов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, средбите ќе се одржат во Националното собрание. „Има таков народ“ нема да преговараат за имиња и позиции, туку само за идеи и политики. За денеска на консултации се поканети партиите „Исправи се БГ! Доаѓаме!“ и Бугарската социјалистичка партија (БСП), а за утре испратена е покана до Движењето за права и слободи. Како што јави дописникот на МИА, досега е јасно…
Турција во петокот ја отфрли осудата на Советот за безбедност на ОН за турската поддршка за поделба на Кипар и нејзините планови за повторно отворање на одморалиштето Вароша на Кипар. „Ние ја отфрламе декларацијата на Советот за безбедност на ОН во врска со планот за повторно отворање на одморалиштето Вароша, како и изјавите на разни земји засновани на неоправдани барања кои не се во согласност со реалноста на островот“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи и се додава дека со децениски напори не успеале да го постигнат федералниот статус на островот Кипар поради „непопустливиот став на…
Скопје и годинава со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога градот се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Традиционално во понеделник (26.07.2021 година) во 10 часот пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе. Општинската организација на Црвениот крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиологија во понеделник (26.07.2021 година) ја организира традиционалната крводарителска акција. Акцијата, којашто почна во 9 часот и ќе трае до 17 часот, во…
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Законодавнот дом ќе предложи законско решение, кое покрај легализирање и ставање во правна рамка на тргувањето со круптовалути ќе опфаќа и законско ослободување од пресметување на ДДВ за трговијата со криптовалути, а инвеститорите ќе се ослободат и од плаќање на данок на добивка и персонален данок на доход најмалку до крајот на 2023 година. Од партијата велат дека со такво законско решение ќе се обезбедат и до половина милијарда евра за буџетот, пари за проекти и мерки за граѓаните. „ВМРО-ДПМНЕ има план и визија како од Македонија да направи земја во која напредните технологии ќе…
Во поплавите што ја зафатија западна Германија на 14. и 15 јули, според новите владини податоци, загинаа 180 лица, а околу 150 се уште се водат за исчезнати или недостапни. Според првичните податоци, имаше 177 жртви. Германските метеоролошки служби повикаа на претпазливост поради новите врнежи од дожд викендов на западот на земјата. Најпогодениот регион Рајнска област-Пфалц има 132 загинати и 766 повредени, соопшти полицијата во Кобленц. Таму сè уште се бараат 149 лица. Во соседната Северна Рајна-Вестфалија во поплавите загинаа 47 лица. Полицијата во Келн трага по две лица. Едно лице загина во Баварија.
Репрезентативецот во спортско стрелаштво Борјан Бранковски е првиот македонски олимпиец, кој настапи на Игрите во Токио учествувајќи утрово во квалификациите во дисциплната 10 метри воздушен пиштол. Бранковски не успеа да обезбеди пласман во финалната серија, завршувајќи ги квалифиакциите на 21 место со 573 погодени кругови (94, 93, 98, 95, 96, 97) во конкуренција на 36 натпреварувачи. Најуспешен во квалификациите беше Индиецот, Чадари Саураб со 586 остварени круга. Финалната серија во која пласман обезбедија првите осумпласирани стрелци е подоцна денеска. Јанг Кијан од Кина го освои првиот златен медал на Олимписките игри во Токио, со нов олимписки рекорд. Кијан запиша вкупен…
Министрите од Г-20 одговорни за климата, енергетиката и животната средина на состанокот во Неапол не успеаја да се договорат за поамбициозни цели во спроведувањето на Парискиот договор. „Неколку земји во заедничката завршна декларација не сакаа да прифатат обврска за задржување на глобалното затоплување под 1,5 Целзиусови степени“, рече италијанскиот министер за животна средина Роберто Чинголани по состанокот. Наместо тоа, земјите се обврзаа само на претходната цел на Парискиот договор да го задржат глобалното затоплување далеку под два степена и да продолжат со напорите за негово намалување на 1,5 степени, се наведува во декларацијата. Земјата веќе се загреа за околу 1,2…