Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Силна поддршка за европското досие на Северна Македонија

0
By Biljana on July 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 24, 2021 10:42

На вториот ден од неформалниот состанок, денеска во Брдо крај Крањ, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров оствари повеќе засебни средби со министрите за европски прашања и надворешни работи на земјите-членки во ЕУ како претставници во Советот за општи прашања на кој се дискутира и одлучува по однос на политиката на проширување.

Средбата со францускиот министер задолжен за европски прашања Клеман Бон претставува силна афирмација на француската поддршка за отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ и валозирање на постигнатите резултати со кои земјата ги исполни предвидените услови.

На средбата со министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн, беше истакнато дека е навистина крајно време за надминување на предизвиците и пречките на патот кон ЕУ за уште поголемо посветување на реформската агенда што е суштината на пристапниот процес.

Со претставникот на ГАК од Малта, Стефан Зринго Азопарди, вицепремиерот Димитров посочи дека постојат можности билатералната соработка помеѓу двете земји да биде дополнително зајакната, а неговиот соговорник изрази јасна и недвосмислена поддршка за полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ како израз на стремежите за поврзување заради остварување на заеднички цели и интереси.

Димитров оствари средба и со финската министерка Тути Тупураинен која изрази уверување дека европската перспектива на Северна Македонија и регионот мора доследно да се реализира. Тој се сретна и со литванскиот заменик министер за европски прашања Арнолдас Пранкевичиус кој исто така ја реафирмирсше подготвеноста на земјата за старт на преговорите.

Богатата билатерална агенда беше заокружена со средбата со шведскиот министер за ЕУ прашања Ханс Далгрен, кој ја поздрави цврстата определба за спроведување на европската агенда на земјата што е силно поддржана од шведска страна преку конкретна помош во клучните области.

ЕУ Никола Димитров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.