Author: Biljana
На 1.087 се зголеми вкупниот број на потврдени Делта случаи во Грција, откако Националната организација за јавно здравје денеска соопшти 219 новозаразени со конкретниот сој, што претставува 5,42 отсто од мутациите во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на новите случаи, повторно се регистрирани над 2.500, односно 2.604 новозаразени, а починаа пет лица. Професорката епидемиолог и член на надлежната комисија Вана Папаевангелу на денешната редовна прес конференција за ситуацијата со пандемијата во Грција рече дека во изминатата седмица во просек имало по 2.568 случаи дневно, а просечната возраст на новозаразените е 26 години. Заменик-министерот за цивилна заштита…
Ние треба да го менуваме начинот на размислување, да се бориме против стереотипите, преку образованието, што е клучно, но и да креираме политики, не само на централно ниво, туку и на локално ниво, ако имаме вакви градоначалници ќе имаме вистински политики, а ако имаме други нема да ги имаме вистинските политики, порача претседатеката на Форумот на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева на трибината под мотото „Активни жени – Напредно општество“ во Дојран. „Изминатите години работевме многу, но и постигнавме многу, СДСМ е партија предвовник на концептот за целосна родова еднаквост, застапеност 50/50, партија која креира и спроведува политики кои…
Голем број на популарни веб-страници беа недостапни денеска поради глобалниот пад на интернет-услугите, јави Би-Би-Си. Корисниците кои се обидоа да пристапат до некои од страниците добија порака за грешка DNS (Domain Name System), што значи дека нивното барање не може да стигне до страниците. Меѓу погодените страници беа Airbnb, UPS, HSBC банка, Бритиш ервејз и мрежата за игри на интернет PlayStation. Популарниот давател на DNS услуги, Акамаи, соопшти дека проблемот е решен и дека „услугата сега повторно функционира нормално“. DownDetector, платформа за следење на падови на системи на интернет, објави илјадници кориснички проблеми на десетици платформи. Погодените страници беа и…
Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) и заменик-претседател на СДСМ, Сања Лукаревска смета дека мерката „Мој ДДВ“ треба и понатаму да се унапредува, и посочи дека е најголем поборник да се зголеми прагот на повратот на ДДВ. Според Лукаревска, дури и два отсто да успеале да ја намалат сивата економија преку оваа мерка, успехот е одличен. „Во повеќе наврати имаме телефонски јавувања, анонимни пријави дека не се издаваат фискални сметки. Некој пат и јавно се објавуваат на социјалните мрежи. Макар и два отсто ние да сме успеале да го намалиме процентот на сивата економија преку оваа мерка, успехот е…
Со меѓусебни обвинувања за реализацијата на капитални проекти пратениците од власта и од опозицијата ја продолжија попладневната расправа по ребалансот на Буџетот за 2021 година, на првиот од вкупно петте дена колку што ќе трае собраниската дебата. Пратениците од владејачкото мнозинство оценија дека тој ќе придонесе за здрава економија и здраво општество, додека според претставниците на опозицијата ребаланост само ќе ја зголеми сиромаштијата и ќе ги осиромашни граѓаните. Пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО ДПМНЕ потсети на владиното ветување за 500 евра просечна плата или 600 евра до крајот на мандатот, посочувајќи дека актуелните 28.000 просечна плата се далеку од ветените…
Aмериканската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз, денеска се сретнала со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за да го брифира за извршната наредба на претседателот на САД, Џо Бајден, за Западен Балкан. Информацијата за средбата, Брнз ја сподели на „Твитер“. – Извршната наредба на Администрацијата на Бајден е посветена на борбата против корупцијата и јакнење на демократските институции, важни приоритети кои сите политички партии во Северна Македонија треба да ги прифатат за да може земјата да стане членка на ЕУ и да се подобри животот на сите граѓани, твитна амбасадорката на САД во земјава. За средбата информираа и од ВМРО-ДПМНЕ,…
„Заедничкото минато со Словенија се надоврзува на стремежот за градење заедничка, европска иднина. Приоритетот на словенечките пријатели за следните шест месеци од нивното претседавање со ЕУ, покрај пријателска поддршка за нас и регионот, претставува и принципиелен однос во полза на кредибилноста на самата Унија“. Ова го истакна заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров кој денеска во Љубљана оствари средби со словенечкото претседателство и високите претставници на земјите членки на ЕУ во Советот за општи работи (ГАК). Вицепремиерот Димитров беше пречекан од државниот секретар во МНР на Словенија и актуелен претседавач со ГАК – Гашпер Довжан, при…
Пратениците попладнево ја почнаа расправата по ребалансот на буџетот во второ читање предложен од Владата и Министерството за финансии. Расправата ја отвори пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој обвини дека прекројувањето на јавната каса дополнително ќе ја задолжи државата и ќе ги осиромаши граѓаните. Според него, буџетот од 4,37 милијарди евра, со кој дефицитот ќе се покажи за 180 милиони евра, не е развоен, а во него нема пари за ниту еден капитален проект. „Цената на нафтата ја покачивте за 14 денари или со прост пример, ако едно семејство за да наполни резервоар од 60 литри, потребни му се…
Пратениците од Комисијата за труд и социјална политика го одбија барањето на ССМ и на опозицијата за одржување на јавна расправа за Предлог – законот за работни односи со кој треба да се регулира неделата како неработен ден. Од опозициската ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека во однос на ова законско решение, не биле консултирани Синдикатите, Стопанските комори и експертската јавност. „Mестото за јавна расправа е тука во Собранието. Пратениците од владејачката партија, едноставно бегаат од соочување со аргументите, јавните дебати, вкрстување на аргументите и секако соочување со јавноста. На денешната седница владејачкото мнозинство одби да изгласа одржување на јавна расправа на…
Словенечкиот претседател Борут Пахор вчера изрази надеж дека до октомври, кога Словенија е домаќин на самитот на лидерите на Европската унија и Западен Балкан, може да се постигне компромис, кој ќе ја отвори вратата за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. „Сите ја разбираме сложеноста на овој процес. Посебен акцент е ставен на прашањето за компромис кој би бил прифатен од Северна Македонија и Бугарија. Тоа е еден од ретките мерливи резултати на словенечкото претседавање. Ако успееме во тоа, што нема да биде едноставно, тогаш можеме да кажаме дека сме направиле многу за проширувањето на ЕУ…
Внатрешните делови на кафулињата, рестораните, ноќните клубови, како и кината и театрите во Грција, од денеска почнуваат со работа, но само за вакцинирани гости или за лица кои прележале Ковид-19, а сертификатите ќе се проверуваат преку специјалната апликација „Ковид фри“, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката на грчката Влада стапува денеска во сила, ќе важи до 31 август, а се однесува исклучиво на затворените делови и на конкретните објекти, во кои дозволено е само седење. Внатрешните делови на местата за забава, ноќните клубови, рестораните, кината, театрите ќе работат со 85 отсто од капацитетот, а за надворешните простори постои можност…
Македонските репрезентации во пинг-понг по настапот на европското првенство во Полска и балканското првенство во Бугарија го продолжуваат континуитетот на учество на меѓународните натпревари. Јуниорската и кадетскатата репрезентација ќе учествуваат на европското првенство во Загреб. Првенството ќе се одржува од 18 јули до 1 август, а во составот на репрезентацијата ќе учествуваат пет играчи. „И покрај строгите ковид-протоколи кои мора да се почитуваат од сите учесници, како и откажувањето на поголем број репрезентации, ППФСМ одлучи репрезентацијата да учествува на ова натпреварување со цел младите играчи да се добијат искуство од големите натпреварувања“, соопшти ППФСМ.