Author: Biljana

100.000 вакцини на „Фајзер“ преку Ковакс механизмот ќе стигнат утре во Северна Македонија. Кинеските вакцини „Синовак“ пак ќе стигнат во Скопје в недела, 27 јуни, со два авиона во 14 и во 16 часот, со две пратки со по 250 илјади вакцини, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Вакцините, кои овој пат ќе стигнат одеднаш во поголема количина, ќе се чуваат во фрижидерите во  Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје и на Институтот за судска медицина, а ќе биодат дистрибуирани на вакциналните пунктови оф понеделник, откако ќе завршат сите административни процедури за нивна евиденција во Агенцијата за лекови МАЛМЕД. Министерот…

Read More

„Трети сили се обидуваат да вршат и вршат влијание, но прашањето е колку тоа ние ќе го дозволиме“, тврди премиерот Зоран Заев во гостувањето во емисијата „Топ тема“, во однос на прашањето дали овој период на неизвесност на евроинтеграциите ќе успее трета сила да го искористи. “Мене ме плаши порастот на евроскептицизмот, како и одлуките на ЕУ кои тоа го овозможуваат. Чуму ни се извештаите за напредок, ако после 16 години не добиваме никаков напредок. Не ги омаловажуваш извештаите, многу ни се значајни, но вака ја губат смислата”, изјави Заев. Тој истакна дека ќе остане резервиран во однос на надежите…

Read More

„Очекувано и без никакви изненадувања“, вака познавачите на надворешните политики ја толкуваат вчерашната одлука на бугарската делегација да се држи до ветото за Северна Македонија на министерскиот совет за општи работи во Луксембург. Од Центарот за европски стратегии, „Евротинк“ очекуваат некакво поместување во однос на спорот по изборот на нова Влада во Софија. „Шок и изненадување ќе имаше доколку ветото не се искористеше, така да вчерашните случувања се во рамките на очекувањата. Некое поместување во однос на спорот останува како задача на новата бугарска влада“, изјави за НОВА ТВ извршниот директор на „Евротинк“, Димитар Николовски. Николовски додава дека ништо не…

Read More

Ефектот од целиот овој контекст не е добар за никој, не е добар за ЕУ, која што губи во еден регион што е во рамките на Европа, губиме ние, губат комшиите, губи целиот регион“, рече вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, во „Тема на денот“ на Сител ТВ за недобивањето датум за почеток на преговори. Тој додаде дека во Договорот за пријателство со Бугарија стои и поддршка од бугарската страна на нашиот европски пат. Тешко е, вели, да ги помирите зборовите поддршка со зборот блокада или вето. „Од македонскиот јазик и македонскиот идентитет никогаш нема да се откажеме. Тоа треба…

Read More

„И покрај сите напори не беше возможно да се постигне договор за преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, за да се одржи првата меѓувладина конференција со овие две земји кандидатки за членство во Унијата“, рече на завршната прес конференција на Советот за општи работи на ЕУ, државниот секретар за европски прашања, Ана Паула Закариаш.  Таа додаде дека напорите да се дојде до позитивен заклучок ќе продолжат за време на претстојното словенечко претседателство, кое почнува на 1 јули. Закариаш вели дека и натаму ќе се преговара по предлогот кој на владите во Северна Македонија и во Бугарија им го достави…

Read More

Автор: Емил Димитриев Деновиве се навршија три години од потпишувањето на договорот со кој се надеваме целосно се затворија отворените прашања со нашиот јужен сосед, кои пак беа главна пречка за нашиот прием во НАТО. Колумнава е претесен простор за квалитетна елаборација на темата, но ќе се обидам повторно да дадам свое мислење и да споделам одредени мои активности за и околу него. Постои веројатност некој што не ме познава да го постави прашањето зошто сега ги споделувам, тоа е затоа што претпочитам превземање конкретно дејствие за решавање на одреден предизвик, отколку негова елаборација. Имајќи ја во предвид геостратешката позиција…

Read More

„Северна Македонија и Албанија направија голем исчекор напред во исполнување на сите најважни критериуми за членсво во ЕУ и го очекуваме моментот кога ќе бидат отворени, што поскоро, пеговорите со Унијата“. Ова го истакна Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни работи и европски прашања од Република Хрватска пред денешниот Совет на министри во Луксембург. Тој рече дека, кога станува збор за проширувањето може да се пофали напредокот на земјите кои се на патот кон ЕУ. Тој најави дека денеска ќе се одржат две меѓувладини конференции по новата методологија, со Србија и со Црна Гора, но без отворање или затворање на…

Read More

Денеска се одржува Советот за општи работи на ЕУ на кој министрите за европски прашања на земјите членки на Унијата треба да донесат одлука за одржување на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и со Албанија, но сигналите од Софија не даваат голем простор за надеж, јавува дописничката на МИА од Брисел. Португалија, која претседава со денешниот состанок, не се откажува од позитивна одлука, според нивните дипломати во Брисел. Дипломатските контакти на релација Лисабон – Софија се интензивираа во последните недели, а Португалија поднесе и конкретен предлог до двете страни, кој треба да служи како компромисно решение за Бугарија да…

Read More

Повеќе од 60 проценти од новите случаи на коронавирус во главниот град на Португалија, Лисабон, се должат на варијантата Делта, што за првпат е откриена во Индија, јави ДПА, повикувајќи се на Националниот здравствен институт. Поради стравувањата од зголемување на заразените со тој сој, Лисабон од петокот е во блокада, што ќе заврши утрово. За време на периодот на заклучување, на 2,8 милиони луѓе кои живееја во градот им беше дозволено да ги напуштат своите домови само поради итни причини. Влегување во главниот град е дозволено само во посебни околности. Во зависност од ситуацијата, властите ќе одлучат дали да воведат…

Read More

Патот на Северна Македонија кон ЕУ минува низ Софија, рече професорот Кирил Топалов, член на Мешовитата македонско – бугарска комисија за историски прашања, во гостување на бугарската ТВ, БТВ. Коментирајќи ја неодамнешната посета на Спфија од страна на македонскиот дрважен врв, Топалов рече дека целта на посетата на Заев била била да се стави Бугарија во неможност да се одбие она што го сака Република Северна Македонија. „Тие не преземаaт чекори за да се приближат до Бугарија и сè уште не сфатија дека патот кон ЕУ минува низ Софија. Целата историска наука во Македонија се заснова на лаги и фалсификат.…

Read More

Вашингтон подготвува нови санкции против Руската Федерација во врска со ситуацијата со опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој се наоѓа во притвор, ја објави Си Ен Ен изјавата на советникот на претседателот на САД за национална безбедност, Џејк Саливан. „Прво, важно е вашите гледачи да разберат дека воведовме санкции против Русија за труењето на Алексеј Навални и подготвуваме нов пакет санкции кои, исто така, ќе бидат применети во врска со тоа“, истакна Саливан. Претходно, демократите во Конгресот ја критикуваа администрацијата за неуспехот да се воведе втор, законски задолжителен пакет санкции за случајот Навални, до 2 јуни 2021 година. Демократите сметаат дека…

Read More

Со официјална Софија не преговараме за јазикот и идентитетот и тоа го повторуваме јавно пред европските институции, рече претседателот на Владата, Зоран Заев во изјава за ТВ 21. „Уште кога излезе оваа неточна информација веднаш ја демантиравме од Владата. Неколку пати сме повториле и тоа секаде јавно и пред сите европски институции – за Македонскиот јазик и за Македонскиот идентитет не преговараме, ниту пак некој има право да преговара“, вели Заев. Тој тврди дека предлогот што го однел во Софија се однесува на Патоказот. „Предлогот што го доставивме во Бугарија е Патоказот, согласно кои двете страни се обврзуваме за зголемување…

Read More