Author: Biljana

Вооружени напаѓачи убиле полицаец и грабнале над 80 ученици и пет учители во едно училиште во нигериската држава Кеба.Ова е трето поголемо киднапирање во три недели, кое властите им го припишуваат на вооружени банди кои потоа бараат откуп. Еден од учителите Усман Алиу, за локалните медиуми известил дека грабнувачите зеле над 80 ученици претежно девојчиња. Досега во повеќе наврати биле киднапирани над 800 ученици од нигериските училишта.Некои се ослободени а добар дел се водат како исчезнати. Нападите во северозападните области на Нигерија наводно не биле поврзани со бунтовничката Боко Харам која ,,ординира“ во североисточните области на земјата и која во…

Read More

Ден по официјалните средби што македонската владина делегација ги имаше во Софија со Бугарските претставници, свој настап на Бугарската Национална Телевизија имаше копретседавачот на Македонско- Бугарската мешовита комисија за историски и образовни програми, Ангел Димитров. „По желба на нашите колеги, следната средба ќе биде во октомври. Во договорот за добрососедство не е ништо исполнето, така што претпоставувам дека Скопје ќе направи напори за да покаже дека има желба за да постигне некаков напредок во другите свери како инфраструктурата и.т.н. По сите области во договорот, застојот е неверојатен.Но, односот кон Бугарската историја и она што РСМ го смета за своја историја…

Read More

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ, вклучително и на Македонија, да влезат во државата, но само за оние патници кои ги примиле две дози на вакцина против Ковид-19, соопшти германското Министерство за внатрешни работи. Од тој датум, тие ќе можат да влезат во земјата најрано 14 дена по приемот на втората доза. Патниците можат да влезат во Германија или како туристи, или да ги посетат семејството и пријателите. Услов за влез е, сепак, да биле вакцинирани со една од вакцините наведени на веб-страницата на Институтот Пол Ерлих каде во моментов, признати се само…

Read More

Земјата апсорбира двојно повеќе топлина отколку во 2005 година, според ново истражување дефинирано како „невидено“ зголемување во услови на климатска криза, објави „Гардијан“. Научниците од НАСА, американската вселенска агенција и Националната администрација за океани и атмосфера (НОАА) во новата студија нагласуваат дека „енергетскиот дисбаланс на Земјата е двојно зголемен“ од 2005 до 2019 година. Зголемувањето беше опишано како „алармантно“. „Енергетска нерамнотежа“ се однесува на разликата помеѓу тоа колку „сончевата енергија“ од Сонцето апсорбира Земјината атмосфера и површина, во споредба со тоа колку „топлинското инфрацрвено зрачење“ се враќа во вселената. „Позитивна енергетска нерамнотежа значи дека системот на Земјата добива енергија, предизвикувајќи…

Read More

Претседателот на Македонската влада Зоран Заев денеска ќе учествува на состанок на ниво на шефови на влади, што го организира Австрискиот канцелар Себастијан Курц во Виена. Носечка тема на средбата е миграцијата и како земјите од таканаречената Балканска рута, се справуваат со миграционите текови од Блискиот и Средниот исток кон Западноевропските земји. Покрај Заев, учесници на состанокот се премиерите на Србија, Ана Брнабиќ,претседавачот на Босанското претседателство Зоран Тагелтија, премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ, Косовскиот премиер Албин Курти, како и специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак. Од Албанската влада се очекува исто така присуство на состанокот. Покрај заедничката борба против…

Read More

Корона пандемијата стивна, но останаа последиците кај пациентите кои ја победиле болеста. И додека ковид центрите се празнат, се полнат болничките соби во Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Козле, каде со месеци се лекуваат пациенти со пост ковид компликации. Таму во моментов има дваесетина хоспитализирани, на кои долгото болничко лекување во ковид центрите им ја одзело физичката сила, па секојдневно вежбаат со физиотерапевтите пред да се вратат во удобноста на своите домови. Најмадиот имал само 40-тина години и доживеал мозочен удар како последица од Ковид 19. За третманот и секојдневната борба и на пациентите и на тимот лекари,…

Read More

Македонската делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, а во која беа и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи, вчера на интензивните средби со бугарскиот државен врв во Софија во обид да се деблокира европската интеграција на земјава, однела конкретни предлози и решенија, за кои бугарската страна рече дека ќе ги разгледа. За македонската страна решението на билатералното прашање мора да води грижа за интересите на двете страни. И македонската и бугарската страна средбите во Софија ги оценија како значаен исчекор што ќе ги поттикне идните чекори за решенија за отворените прашања, на кои двете…

Read More

Поради верскиот празник Задушница, денеска и утре, во периодот од 6 до 16 часот, на гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони, информираат од Министерството за внатрешни работи. Дополнуваат дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за село Мирковци, до влезот за гробиштата на улица „Боца Иванова“ и излегување на улица…

Read More

Јавниот обвинител е носител на тужбата тој е доминус литис и тој треба да докаже со кое дејствие секој од обвинетите го сторил кривичното дело што му се става на товар, изјави адвокат Љупчо Шврговски, по одлуката на Кривичниот суд Скопје, да се одложи најавената пресуда за случајот „Тортура“. Според него одлуката на судот е законита и се заснова во член 397 од Законот за кривична .  – Судот во своето образложение децидно наведе дека потребно е во обвинителниот акт, односно во самиот диспозитив секој од обвинетите на јасен и недвосмислен начин да биде посочен како непосреден извршител на конкретно…

Read More

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и владината делегација предводена од него беа примени од лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов во седиштето на партијата, јави дописникот на МИА од Софија. Приемот од Бојко Борисов беше пренесен директно на неговиот фејсбук-профил. Заедно со Борисов, во име на ГЕРБ, беа поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева и заменик-претседателот на партијата и поранешен министер за надворешни работи Даниел Митов. На средбата беше изразена желбата, врз основа на претходните позитивни искуства од подготовката и потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство и врз основа на лидерството на Бугарија во…

Read More

Македонската Владина делегација предводена од Премиерот Зоран Заев а во која се Вицепремиерот за Европски прашања Никола Димитров и Министерот за надворешни работи Бујар Османи, сепак замина во Софија на средби со тамошните претставници, иако тие синоќа како ,,добредојде“ ја ипорачаа одлуката дека остануваат на своите познати позиции дека Република Северна Македонија не ги исполнила условите за одржување меѓувладина конференција со нив, а со тоа ни обврските во рамките на Европската Унија за да премине кон следната фаза во евроинтеграциите а тоа е почеток на пристапните преговори со ЕУ за полноправно членство. Во пресрет на посетата, во изјава за Бугарската…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која секогаш ги водела најтешките битки за својот народ, која имала заслужени подеми, но и заслужени порази. Која учела од грешките и како феникс се издигнувала од пепелта, затоа што и била потребна на Македонија. Трпела удари, силни удари, неправди, стигматизации, но никој не може да каже дека не била авангарда, градител на модерните текови, носител на решенијата потребни на луѓето на Македонија. И никој нема право да каже дека не сме се бореле за Македонија. Сме се бореле и ќе се бориме затоа што Македонија е нашето се, порача вечерва од Охрид, на прославата на 31…

Read More