Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
По три и пол часа, со пауза заврши состанокот меѓу претседателите на САД и на Русија, Џо Бајден и Владимир Путин по што двете делегации се повлекоа во просториите определени за прес конференции. Прв прес конференција која во целост ја пренесеува Си ен ен, одржа Рускиот претседател во кој американците ги акцентира во повеќе наврати како,, американски партнери“ посебно говорејќи за заедничките напори во градење на колку е можно посовршена одбрана од кибер нападите, што беше една од носечките теми. „Почнуваме консултации со САД за кибер нападите врз американски фирми кои се поврзуваат со руски хакери“ изјави Путин. Путин нагласи…
Заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз. На средбата, фокусот беше ставен на Извршната наредба издадена од Претседателот Бајден, со која им се дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои администрацијата во Вашингтон ќе оцени дека работат на дестабилизација и против клучните договори во регионот на Западниот Балкан, вклучително и Северна Македонија. Вицепремиерот Николовски изрази задоволство што во Извршната наредба е ставен фокус и на борбата против…
Вториот дел од состанокот на претседателите на САД и на Русија, Џозев Бајден и Владимир Путин во кој учествуваа по неколку нивни блиски соработници, завршил пред петнаесетина минути, јавуваат светските медиуми кои имаат свои известувачи на теренот. Но, светскиот сервис на Би Би Си, ја наметна дилемата дали со тоа во целост завршила американско-руската средба на врвот. Првиот дел од разговорите во потесен состав, меѓу двајцата претседатели траел два часа по што имале околу 40 минутна пауза. Во пресрет на завршните прес конференции кои Бајден и Путин ќе ги имаат одделно, а во отсуство на официјални изјави за што тоа…
По препорака на Комисијата за заразни болести и Главниот кризен штаб, Владата на вчерашната седница го укина полицискиот час и донесе нови олеснувања на мерките за заштита од Ковид-19. По повеќе месечен карантин во доцните вечерни часови, од денеска граѓаните ќе може да се движат без ограничувања, угостителските објекти ќе работат со вообичаеното работно време до полноќ, односно во 01 часот во петок и сабота, а дозволено ќе биде да се одржуваат свадби, прослави и настани на отворен простор со гости до најмногу 50 проценти од капацитетот на објектот. На тема олеснување на мерките за заштита од Ковид 19, поразговаравме…
Ноќеска израелски авиони нападна палестински камп за обука, што е прв израелски напад по прекинот на огнот од минатиот месец, со што се заврши 11-дневниот вооружен конфликт во Газа, јави Радио станицата на движењето Хамас. Израелската војска подоцна потврди дека нејзините авиони ги нападнаа воените објекти на Хамас во појасот Газа, како одговор на лансирањето на запалливи балони, што, според израелските пожарникари, предизвикале дваесетина пожари во јужен Израел. Покрај тоа, израелската војска соопшти дека, поради ситените терористички закани што доаѓаат од Газа, е подготвена за сите сценарија, вклучувајќи го и продолжувањето на борбените дејствија. Исламистичката милитантна група Хамас, што владее…
Јавниот повик за издавање потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари се затвора денеска, соопшти Министерството за економија.Јавниот повик, како што стои во соопштението, беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации. Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност…
Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека ќе има еколошка такса за нафтата од 3,5 денари и намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти. Одлуките, како што изјави, допрва следуваат и се дел од програмата на Владата за екологија. Со еколошката такса планирано е во Буџетот да се слеат една милијарда 685 милиони денари за едно полугодие или три милијарди и 300 илјади денари за цела 2020 година. Средствата ќе бидат лоцирани во фондовите за инвестиции на обновливите извори на енергија. И со воведувањето на оваа еколошка такса, како што изјави, остануваме меѓу земјите со најниски цени…
Бев изненадена кога слушнав дека на вас новинарите ви е забрането да влегувате со мобилни телефони на седниците на Судот. Тој проблем е решен, кога дознав за тоа веднаш дадов налог на генералниот секретар и веќе е известено внатрешното обезбедување дека од наредната седница ќе влегувате слободно со вашите мобилни телефони, изјави денеска претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Таа во изјава за медиуми по повод одржување на тркалезната маса на тема „Транспарентност и соработката на Уставниот суд со новинарите и граѓанските организации“, посочи дека Судот максимално ќе го отвори за јавноста. „Точно е дека Судот е максимално затворен, точно…
Нема ниту план Б, ниту алтернатива за ЕУ, самото пристапување кон ЕУ значи европеизација на Северна Македонија, не сакаме да бидеме членки само заради членството во ЕУ, ние сакаме да бидеме членка заради европеизацијата на земјата која ќе се случува низ отворањата и затворањата на поглавјата и да ја донесеме Европа во Северна Македонија, вели премиерот Зоран Заев во интервју за МИА. Премиерот нагласува дека посакува на 22 јуни да нема вето од Софија, односно Советот за општи работи на ЕУ да донесе одлука за официјален старт на преговорите, но и ако не се постигне решение, барем да ги заокружиме…
Вкупно четири компании се добитници на финансиска поддршка во рамки на првиот „Предизвик за дигитализација на земјоделство” што го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ). Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка. Четирите стартап компании кои со своите решенија ќе работат на трансформација на земјоделскиот сектор и ќе придонесат кон поефикасно и поодржливо земјоделство се скопската компанија „8ТЕК“, со проектот „FIELLDTEQ – дигитална земјоделска мултијазична платформа и мобилна апликација”, потоа „АгФутура Технологии“ со проектот „Центар за дигитално земјоделство”,…
Во Брисел денеска се одржува нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на високо политичко ниво. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, билатерално да се сретне во 9.30 часот со главниот медијатор на Европската унија во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Жосеп Борел. По одделните билатерални средби меѓу Борел и Албин Курти и со Вучиќ, трилатерална средба треба да започне околу 10.30 часот, на која ќе присуствуваат претседателот на Србија, премиерот на Косово, министерот за надворешни работи на ЕУ и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак. ЕУ, која е главен медијатор во дијалогот, посочи дека ова е продолжение…
„Имало случаи во кој што било дадено помилување, па било повлечено, па тоа не било прифатено како валидно од судот. Нашиот случај е специфичен по опсегот, контекстот и настаните од тој период и се надевам дека ќе имаме простор тоа подетално да го разговараме“ изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 коментирајќи го одговорот до ексфункционерите кои побараа аболицијата на експретседателот Иванов да се разгледува во Европскиот суд за човековите права. „Минатиот петок доставивме одговор на скоро 80 страници со обемен доказен материјал од преку 3.500 страници во кои ги изнесуваме нашите позиции како…