Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Само во тој сегмент спречени се 20 канали за меѓународен транспорт на наркотици. За само три месеца запленети се над 2,2 тона марихуана со вредност од над 5 милиони евра, околу 1,2 тона психотропни супстанци за производство на амфетамин со вредност од околу 200 милиони евра, 7 килограми хероин со вредност од речиси 300.000 евра, објави денеска на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „Впрочем, и 2021 година ја заокруживме со добри резултати во контекст на врвниот приоритет на ова раководство на МВР – сузбивање на недозволената трговија со дрога. Притоа, само во овој сегмент спречени се 20 канали…
Ние сме за тоа Северна Македонија и Албанија да влезат во ЕУ што е можно поскоро, изјави лидерот на бугарската партија Демократи за силна Бугарија (ДСБ), Атанас Атанасов. Коментирајќи ја изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков дека руски агенти работеле против добрите односи меѓу Северна Македонија и Бугарија, Атанасов за телевизијата бТВ нагласи дека руските служби работат со полн капацитет во сите земји во регионот за да ги спречат државите од Западен Балкан да влезат во ЕУ. „Треба да се размислува рационално – ние сме за тоа Македонија и Албанија да влезат во ЕУ што е можно поскоро“, додаде Атанасов,…
Единствената мерка што може да влијае на руската економија е ембаргото. Русија би можела да заработи речиси 321 милијарда долари од извозот на енергенси оваа година, но може да ја заврши годината со рекорден буџетски суфицит од 240 милијарди долари доколку земјите не воведат целосно ембарго на извозот на нафта и на гас, објави Блумберг. „Поради рекордните цени на нафтата и на гасот, кои го сочинуваат главниот извоз на Русија, дури и со намалената продажба на енергија, Москва ќе добие рекордни приходи од 321 милијарда долари. Тоа е една третина повеќе отколку во 2021 година. Огромните приходи ќе доведат до…
Раководството на македонскиот фудбалски прволигаш Работнички одлучи да ја прекине соработката со тренерот Борче Христов. На ваков чекор клубот се одлучи по третиот последователен пораз во првенството. Работнички вчера на арената „Тодор Проески“ загуби од Струга Трим Лум со 1:3. „Кога резултатите не се во корист на тимот, одговорноста прв ја презема шефот на стручниот штаб. По трите порази едноподруго, донесовме одлука за разделба со тренерот Борче Христов. Се надеваме дека оваа промена ќе ги разбуди и фудбалерите. Би сакал да му се заблагодарам на тренерот Христов за посветеноста и досегашната работа во клубот, му посакуваме многу среќа во понатамошната…
Околу 8,3 милиони Унгарци со право на глас денеска ќе се изјаснат за нов состав на Парламентот. На владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан ќе и се спротивстави коалиција од шест опозициски партии Обединети за Унгарија предводени од конзервативецот Петер Марки-Зај. Според анкетите Фидес има минимална предност пред коалицијата Обединети за Унгарија, а според експертите ова се неизвесни избори. Првпат изборите во Унгарија ќе ги следат 200 меѓународни набљудувачи. Покрај изборите, денеска се одржува и референдум за ЛГБТ образование во училиштата.
Во градот е откриена масовна гробница, каде се закопани 280 луѓе. Советникот на украинскиот министер за надворешни работи Антон Герашченко вчера на Твитер објави видео од разурнатиот град Буча, што вчера беше ослободен од руска окупација. „Буча пред еден месец – прекрасно модерно предградие на Киев. Буча сега – штали бомбардирани и изгорени, куќи ограбени до последната лажица или уништени до земја, млади семејства убиени, мажи исчезнати, жени силувани“, наведе Герашченко. Додека градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук изјави дека во градот е откриена масовна гробница, каде се закопани 280 луѓе. „Некои од убиените имаа само 14 години. Сите тие луѓе…
По посетени вкупно 14 градски и рурални подрачја низ целата држава, во Струга денеска ќе заврши караванот за вакцинација против КОВИД-19. Освен можноста да се прими вакцина против вирусот, медицинските екипи, Црвениот крст и студенти од медицински здруженија презентираа веродостојни информации за вакцинацијата и придобивките од неа, како и за ризиците од одложување на вакцинирањето. Караванот за промоција на вакцинацијата како безбедна имунизација започна на 21 март во Шуто Оризари, а ќе заврши денеска во Струга, каде од 11 до 15 часот на новото шеталиште граѓаните ќе можат да се имунизираат против коронавирусот. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…
6.501.689 запишани гласачи денеска ќе гласаат на тројни избори во Србија. Ќе се гласа на 8.267 избирачки места, но првпат не и во Косово поради одлуката на косовската Влада, српските гласачи од Косово ќе гласаат во Тутин, Рашка, Куршумлија и Бујановац. На претседателските избори учествуваат осум кандидати, а нивниот редослед е одреден со ждрепка. За парламентарните избори предложени се 19 коалициски и партиски листи, а редоследот на гласачкото ливче e утврден според редоследот по кој тие беа доставени до Републичката изборна комисија (РИК). На парламентарните избори, според пропорционалниот систем, за Народното собрание на Република Србија се избираат 250 пратеници. Според…
Во 18 општини се веќе воспоставени социјални сервиси, а останатите 4 се во тек на воспоставување. „Општините најдобро ги знаат потребите на своите граѓани, а ние како министерство сме тука да ги поддржиме. Во Струмица се прави мапирање на потребите на нивните граѓани и тоа треба да го направи секоја општина, да мапира и аплицира до министерството за поддршка, да развива социјални услуги на локално ниво, од кои директна придобивка имаат оние на кои поддршката им е неопходна“, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за ТВ ВИС. Министерката Тренчевска информираше дека до крајот на 2021 година на…
Владата да излезе јасно да каже за што се преговара со Бугарија, повикаа од ВМРО-ДПМНЕ. Секретарот за меѓународна соработка на партијата, Стефан Андоновски во гостување на „Сител“ рече дека работните групи со Бугарија се однесуваат на се, освен на прашањата кои што Бугарија ја интересираат, а тоа се националните. „Да влезете во работна група, да се договарате за фудбал, затоа што тоа беше еден од договорите потпишан на ниво на спортот и младите, нема никаква потреба. Државата ја водат институциите, нема потреба ВМРО-ДПМНЕ да коментира нешто во делот на заштита на животна средина, на летот Скопје – Софија, или за…
Книгата „Пат покрај патот“ на Славе Ѓорѓо Димоски беше промовирана вечерва во Охрид. Покрај ова дело на Димовски, пред охридската читателска публика беа претставени и неговите две претходни дела „Извештаи на Рисот“ и „Јазик и леб“. „Пат покрај светот“ е книга есеи, кои според авторот, се рефлексија на различни страни од светот каде што патувал. „Има и постари есеи, повеќето се цртички со анегдотски приказ за повеќе наши ситуации од сферата на културата и личности. Ангажирана поезија, која всушност во последниве половина век можеби ретко се пишува, но економско политичките ситуации во нашата земја и пошироко доведоа до таа страна…
Пописните резултати во делот на религиската припадност се изменети. Новата табела за верската определба на населението во земјава е различна од првично објавената, од дента кога беа соопштени резултатите. Највпечатлива е промената на бројот на атеисти. Од првичната бројка на 355 лица кои се изјасниле како атеисти, сега бројката е 8764. Од друга страна ја нема графата Евангелско-протестантски христијани, која броеше исто толку попишани 8764 лица. Во новата табела се избришани, или не се прикажани лицата чија верска опрделба е помала од 500, па така ја нема ниту графата за Евреи. Директорот на Државниот завод за статистика одговор најави за…